ИНФО на УЈП од 11.05.2020 година: НОВ МПИН за финансиска поддршка и субвенционирање на 50% од придонесите

11.05.2020: Целосна иформација на УЈП за остварување на правото за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај 2020 година (14.500 по работник месечно) и 50% субвенционирање на социјалните придонеси. Линк до НОВИОТ МПИН. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Лична заштита на работа и надвор од домот во време на вонредна состојба

Лична заштита на лице е било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор број 5/2020

Почитувани, Заради посебната ситуација настаната заради коронавирусот и Информаторот 5/2020 го објавуваме само во дигитална (pdf) форма. Информаторот број 5/2020 побарај го на ПОВЕЌЕ

Share
Измена на Уредбата за 50%-тно субвенционирање на придонесите од плата

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 116/2020 од 5.5.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба (92/2020). Измените се донесени заради усогласување на оваа Уредба со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Со измена на Уредбата за субвенционирање на социјалните придонеси е пропишан нов образец Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (БС-ПЗСО). Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Промена на акцизата за енергенти и обврски по Уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите

Со УРЕДБА-та СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена на 1 април 2020 година (86/20) се уреди рокот за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни  лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник во кој треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување, да биде заклучно со 30 јуни 2020 година. Со дополнувањето на Уредбата, објавено (105/20), се предвиде зголемување на акцизата на енергентите (безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење) и се одредија роковите за попис на затекнатите залихи на енергенти, поднесување на записникот до надлежниот царински орган и плаќање на разликата во акцизата за гасно масло како гориво за греење. Дополнувањето на Уредбата е на сила од 21 април 2020 година, а неговите одредби ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.   

Share
Бaрање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност

Согласно со “Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вондредна состојба” („Службен весник на РСМ“, бр.92/2020), физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец,, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно. За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД до Управата за јавни приходи. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Можност за враќање во работен однос на работниците отпуштени во периодот од 11 март 2020 до 30 април 2020 година + ТЕРК на Спогодба

Со НАЈНОВАТА измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба - се дава можност за враќање во работен однос на работниците отпуштени во периодот од 11 март 2020 до 30 април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати и НОВ образец БФП-ИП на е-даноци

Во е-даноци на УЈП (www.ujp.gov.mk) поставен e НОВИОТ Oбразец БФП-ИП за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари месечно по вработен за платите за месец април и мај 2020 година. Барањето за финансиска поддршка на работодавач заради исплатата на платите за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) e поставено во системот е-даноци (e-даноци) на УЈП во делот: Поднесоци / Дополнителни услуги / Придонеси / БФП-ИП. Образецот БФП-ИП треба да се пополни најдоцна до 7-ми мај 2020 година  (четврток) за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платата за месец април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор број 4.2020

Почитувани, Заради посебната ситуација настаната заради коронавирусот, Информаторот 4/2020 го објавуваме само во дигитална (pdf) форма. Најавуваме дека и Информаторот 5/2020 набрзо ќе биде објавен само во дигитална форма. Информаторот број 4/2020 побарај го на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова Уредба за финансиска поддршка за исплата на плати (28.04.2020)

Новата Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 111/2020 од 28 април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share