Уредена можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (108/2020) уредена е можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Обновено (24.04.2020): Јавен сектор – Измена на ограничувањата за исплата на додатоци и надоместоци на плата за април и мај 2020 година

Обновено (24.04.2020): Јавен сектор - Измена на ограничувањата за исплата на додатоци и надоместоци на плата за април и мај 2020 година. Коментар, пречистен текст на уредбата и сите поратечки прописи побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредена можност за приредување на интернет игри на среќа

Во Службен весник на РСМ, бр. 108/2020, во сила од 24 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба со која се уредува можноста за приредувањето на интернет игрите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб. Текстот на Уредбата може да го симнеш на ПОВЕЌЕ,

Share
Информација за трговците на мало, нивните вработени и купувачите

Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Примери на акти за годишен одмор во услови на Корона кризата

ПРИМЕРИ НА АКТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО УСЛОВИ НА КОРОНА КРИЗАТА: Согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба: Пример на Одлука за користење на годишен одмор, Пример на План за користење на годишен одмор, Пример на Решение за користење на годишен одмор. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Од 23 април 2020: Промена на режимот за движење на вработени во компании за време на ограничување

23.04.2020: Дозвола за движење на вработени во компании во времетраење на ограничување на движењето заради вршење на сменска и ноќна работа, кратко инфо и урнек на Дoзвола можеда симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 до 30 април 2020 година

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.

Share
Измени на Уредбата на Законот за извршување

Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ, бр. 103/2020 од 16.04.2020 година) се извршени прецизирања на: предметите, примањата и постапките за извршување. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за олеснување на процедурите за даночно поттикнување кај донациите во јавните дејности

Уште една Уредба со која Владата на РСМ им олеснува на донаторите кои го помагаат здравството и економијата во справувањето со состојбите предизвикани од коронавирусот COVID 19, е Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 103/2020 и е во сила од 16.4.2020 година, а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба. Детални упатства побарај на ПОВЕЌЕ:

Share
Обновено: Коментар на Уредбата за ограничување на додатоците и надоместоците во јавниот сектор од платата за АПРИЛ 2020 година

Со Уредбата со законска сила за ограничување на исплатата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 94/2020 од 07.04.2020, и дополнување бр. 97/2020 од 09.04.2020 година) се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во: органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето,  спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од РСМ или од општините, од градот Скопје и од општините во градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share