Новини во Законот за финансиска дисциплина

Законот за финансиска дисциплина е донесен на самиот крај на 2013 година со негово објавување во „Службен весник на РМ“, бр. 187 од 30 декемри 2013 годин. Истиот влезе во сила на 07.01.2014 година, со одложена применува од 01.05.2014 година. Целта на ЗФД е елиминирање на проблемите од задоцнето извршување на паричните обврски во деловните трансакции меѓу субјектите од приватниот сектор, односно меѓу субјектите од приватниот и од јавниот сектор, што резултира со нарушување на ликвидноста на субјектите, неможност за намирување на обврските кон доверителите и вработените, кредитно задолжување, нарушување на конкурентноста, отворање на стечајни постапки и во рамките на синдромот на верижни случувања - влошување на севкупната економска состојба. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 124/19, во сила од 26.06.2019 година, со примена која треба да започне во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила (најдоцна од 25.08.2019 година), се врши трето по ред новелирање на ЗФД. Детали за новините на Законот за финаниска дисциплина побарај на ПОВЕЌЕ.

Share