Измени во Известувањата за состојбата и промените на капиталот и обврските

Во Службен весник на РМ број 185/17, со примена од 1 јануари 2018 годинам, објавени се измени и дополнувања на: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16). Упатствата се однесуваат на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22). Информации побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share