Соопштение на ЦРМ за бришење на субјекти

Соопштение на Централниот регистар на Република Македонија за отпочнување на постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци согласно со член 552 а, во врска со член 552-б од Законот за трговски друштва - 30.01.2019 година. Детали и список на фирмипобарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Автентично толкување на Собранието на РМ поврзано со одредбата од ЗТД за забрана за ОСНОВАЊЕ на трговско друштво од лице кое е содружник во ДООЕЛ или ДОО чија сметка е блокирана

Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 24 октомври 2018 година, даде автентично толкување на членот 29 став (2) точка 4) од Законот за трговските друштва, во врска со забраната за основање на трговско друштво од лице кое е содружник во ДОО или во ДООЕЛ чија сметка е блокирана додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над друштвото не се отвори постапка за ликвидација или стечај. Автентичното токување на Собранието на РМ може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Со последните измени на ЗТД – извршено бришење на тајните друштва

Со најновите измени и дополнувања на Законот за трговските друштва (усвоени на 26 јуни 2018 година, Сл весник 120/18), се бришат одредбите кои се однесуваат за тајните друштва. Измените се направени во насока на зголемување на транспареноста, намалување на можноста за даночна евазија и даночно затајување, потребно од достапност на информации за правниот или вистински сопственик на правните субјекти, како и потребата на даночната администрација да има пристап до тие информации, со цел истите да може да ги користи за свои цели и да ги разменува со другите даночни администрации. Пречистен текст на ЗТД и детали за новините побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share