Дивиденда 2019 – прописи, извори, даноци, евиденција,…

„Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Линкуваниот текст ги елаборира актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Исплатата на дивиденда е прашање за коешто се расправа и кое во детали се дефинира на годишното собрание (собир) на оние трговски друштва што искажале нето добивка (немаат непокриена загуба) и имаат позитивен став кон распределбата на дивиденда, а кое прашање претходно го вклучиле како точка во предложениот дневен ред на годишното собрание на акционерите, односно на годишниот собир на содружниците. Целосен текст за дивидендата може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Рок за исплата на дивиденда – 30 септември 2018 година

Одлуката за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката е правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на делот од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Според членот 487 став 5 од ЗТД одобрената ди­ви­ден­да­ може да се испла­ти нај­доц­на во рок од де­вет месеци по завршувањето на де­лов­на­та го­ди­на за која се исплатува. Неисплатувањето на одобрена дивиденда заклучно со септември во тековната година е санкционирано како прекршок во член 599 став 1 точка 7 од Прекршочните санкции на ЗТД. Пример на Одлука за исплата на дивиденда може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
30 септември – Краен рок за исплата на одобрена дивиденда

30 септември е краен рок за исплата на одобрена дивиденда. Донесената Одлука за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката претставува правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на дел од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Деталите (и пример на Одлука) побарај ги во целосниот текст на ПОВЕЌЕ.

Share