Во Собранието на РС Македонија во тек е 22 седница на чиј дневен ред е Законот за изменување и дополнувања на Законот за данокот на личен доход. Со предлог законските промени, покрај одредени допрецизирања на законските одредби (кои нема да ги елаборираме), вклучени се повеќе новини, од кои некои ќе важат со денот на објавувањето во 2020 година, а некои од 01.01.2021 година. Во линкуваниот текст даваме подетални информации за предложените новини. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
За денес, 1-ви март 2019-та година во кратка форма презентираме одговори на три најчесто поставувани прашања до тимот на Про Агенс: Премии на осигурување, Помош при лекување и Надомест за органи на управување
Даночната основа за пресметување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност е финансискиот резултат утврден во Билансот на приходи и расходи (Образец „Б“), корегиран за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот даночен биланс (Образец „ПДД-ДБ“). Месечната аконтација на данок на доход за самостојна дејност се плаќа во износ од една дванаесеттина од пресметаниот данок во годишниот даночен биланс, за претходната година т.е. во износ од 1/12 од износот внесен на реден број VII. Пресметан данок (АОП 26) на образецот „ПДД-ДБ“. Пресметувањето на данокот на доход од вршење на самостојна дејност, пресметувањето на придонесите и подигање на „добивката“ се тема на текстот кој може да го симнете на ПОВЕЌЕ.