Нов Правилник за начинот на спроведување на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти и НОВИ Правилници од Агенција за млади и спорт поврзани со здавањето на ваучери објавени во Законот за спорт. Кратка информација за правилниците (и самите Правилници) може да ги најдете на ПОВЕЌЕ.
Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ТРИ години сметано од годината во која е искажана загубата. Пренесувањето на даночната загуба се врши врз основа на претходно одобрување од УЈП. Потсетуваме дека 31 март 2019 година е последен рок за поднесување на Барање за пренесување на искажана даночна загуба за 2018-та година до УЈП на образец „ДД-01“. За деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.
Од 2019-та година, непрофитните организаци (здруженија на граѓани, фондации, сојузи, секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување) регистрирани според Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА и НЕ ПЛАЌААТ месечни даночни аконтации. Претходното НЕ се однесува на регулаторните тела кои се основани (регистрирани) согласно со посебни закони: АСО, МАПАС, КХВ, Агенции, ИСОС, Заедници на сопственици на станови, Совети, ... итн. Аконтации на данокот на добивказа 2019-та година плаќаат даночните обврзници што поднеле Даночен биланс за 2018-та година, со исклучок на непрофитните организации регистрирани согласно со ЗЗФ. Текст за пресметување на аконтациите на данокот на добивка за 2019-та година и Алатка за пресметување на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да симнете на ПОВЕЌЕ
Од 2019-та година, здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување, регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, НЕ се обврзници за данок на добивка. Овие субјекти од 2019-та година НЕ плаќаат ниту МЕСЕЧНИ ДАНОЧНИ АКОНТАЦИ. Детали за овие важни даночни новини побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РМ“, бр. 248/18 од 31 декември 2018 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со примена од 1 јануари 2019 година. Објавените измени и дополнувања се предмет на коментирање во текстот во продолжение и истите не се однесуваат на даночното известување за 2018-та година, односно на составувањето на Даночниот биланс за 2018-та година. Новините ќе се применат при составување на Даночниот/те биланс/и за 2019 година и натаму. Детален kоментар за новините во Законот за данокот на добивка (248/18) побарајте на ПОВЕЌЕ.
Трговските друштва класифицирани како микро и мали трговци, како и правните лица (ПЗУ - приватни здравствени установи и други правни лица) резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговските друштва и кои според природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци, можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход, наместо да плаќаат данок на добивка (членови 31-36 од ЗДД). Детали за оданочувањето на Годишниот вкупен приход за 2018-та побарајте на ПОВЕЌЕ.
Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка кој ќе се применува од 2019 година е објавен во Сл. весник на РМ, бр. 248/18 од 31.12.2018 година. Пречистен текст на Законот за данокот на добивка со вклучени изменувања и дополнувања од Сл. весник на РМ, бр. 248/18 можете да симнете на ПОВЕЌЕ.
Алатката за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Какви се решенијата во Предлог измените на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година (сите детали ќе ги дознаете на ДЕКЕМВРИСКИ КПУ обуки на Про Агенс). Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот со вклучени предлог измени од ноември 2018 година, како и детали за него побарај на ПОВЕЌЕ.
Авторски текст за даночниот и сметководствен третман на капиталните добивки и загуби на домашни и странски правни и физички лица прочитај на ПОВЕЌЕ.