Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка (275/19) се појаснуваат и се прецизираат одредби од Законот кои се однесуваат на даночно непризнаените расходи, правото на намалување на основата за оданочување (даночен кредит) за одредени претходни зголемувања на даночната основа, промена на режимот на оданочување на непрофитните организации, вклучувајќи и редуцирање на обврзниците за доставување на извештај за трансферни цени, како и други одредби со кои се подобрува текстот на Законот од аспект на неговата практична примена. Целосна информација побарајте во текстот што може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Во Сл. весник на РМ, бр. 6/19 од 10.01.2020 година Објавен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. Во Рамките на Правилникот е објавен и НОВИОТ Даночен биланс за оданочување на добивката - образец ДБ, кој ќе се примени за 2019 година. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување и НОВИОТ Образец ДБ симни го на ПОВЕЌЕ.
На официјалната интернет страница на УЈП, www.ujp.gov.mk, на 10 јануари 2020 година беше објавен нов Образец ДД-БС: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс. Со оваа објава на УЈП, е пополнет недостатокот на образец-Барање кој во праксата беше решаван со поднесување на писменото барање до УЈП без користење на пропишана форма на образец. Образецот ДД-БС (Барање) се поднесува најдоцна до 31 јануари 2020 година (петок), што е краен рок за доставување на писмено Барање до УЈП за целите на признавањето на целосната амортизација (расходување) на преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Новата Уредба за Номенклатурата за средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 277/19 од 30.12.2019 година. Иако објавена на самиот истек на 2019 година, Уредбата ќе се применува за изготвувањето на годишната сметка и даночниот биланс за 2019 година. Уредбата за амортизација е донесена во функција на ограничувањето на трошоците за амортизација за целите на оданочувањето (формирањето на даночната основа) и со истата не се наложува нејзина задолжителна примена за целите на финансиското известување, односно за составувањето на Годишната сметка и Финансиските извештаи. Целосен текст за даночниот третман на амортизацијата за целите на оданочувањето со данок на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.
Новата Уредба за амортизација објавена во Службен весник бр. 277.19 (во примена со Годишната сметка и Даночниот биланс за 2019 година) може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Во Собранието се доставени предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка. Кратко инфо, Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за данокот на добивка со вклучено предлог измени, побарај на ПОВЕЌЕ.
Пресметката на данок на добивка при престанување на условите за даночно ослободување-Нов образец ДД-ДО. Детали на ПОВЕЌЕ.
НОВ Даночен биланс за непрофитни организации (Образец „ДБ-НП/ВП“) и НОВ Образец “ДД-ПЗ“ за плаќање на данок на добивка заради покривање на загуба со добивки кои потекнуваат од периодот 2009 до 2013 година (кога се плаќаше данок на непризнаени расходи).
Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка поврзано со исплатените авторските хонорари на странски правни лица од аспект на задржаниот данок. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Со последната измена и дополнување на Законот за данокот на добивка, од 1 јануари 2019 година, се уредени нови правила за донирање на финансиски средства на спортски субјекти заради остварување на право на намалување на обврската по основ на пресметан данок на добивка. Во истиот контекст е извршена измена и во Законот за спортот со објава од 21 мај 2019 година, датум од кога измената на законот влезе во сила. Со измената на Законот за спортот се уредија правила и процедури што треба да ги исполнат спортските субјекти за да остварат право на ваучер што ќе го издаде Агенцијата за млади и спорт како услов, обврзниците на данокот на добивка за дадена финансиска донација на спортски субјект да остварат право на намалување на пресметаната обврска по основ на данок на добивка. Освен со овие два Закони, донесени се и три правилници, со кои се уредува остварувањето на ова право, односно можност на оперативно ниво. Два од правилниците се подзаконски прописи на Законот за спортот, а еден правилник е подзаконски пропис на Законот за данокот на добивка. Текст на оваа тема, закони, правилници, обрасци, евиденции, како и Листа на спортски субјекти што имаат право да користат ВАУЧЕРИ побарај на ПОВЕЌЕ.