За новини во Законот за акцизите и обврската за доплата на акциза - 6 април 2021 година, информации, текст и пречистен текст на Законот за акцизите побарај на ПОВЕЌЕ.
Со УРЕДБА-та СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена на 1 април 2020 година (86/20) се уреди рокот за приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник во кој треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување, да биде заклучно со 30 јуни 2020 година. Со дополнувањето на Уредбата, објавено (105/20), се предвиде зголемување на акцизата на енергентите (безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар, гасно масло како погонско гориво и гасно масло како гориво за греење) и се одредија роковите за попис на затекнатите залихи на енергенти, поднесување на записникот до надлежниот царински орган и плаќање на разликата во акцизата за гасно масло како гориво за греење. Дополнувањето на Уредбата е на сила од 21 април 2020 година, а неговите одредби ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, број 225 од 31.10.2019 се објавија измени и дополнувања на новиот Закон за акцизите (Законот и неговите измени се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 108/19, 143/19 и 225/19). Ова е втора измена и второ одлагање на започнување на примената на овој Закон. Новиот датум за започнување на примената на новиот Закон за акцизите е 1 јануари 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 108/19 од 28.5.2019 година е објавен НОВ Закон за акцизи со примена од 15 јули 2019 година. Кратко ИНФО и новиот Закон за акцизи побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.