Кратко ИНФО и Работни материјали за КПУ обуката за Овластени сметководители / Сметководители, бр. 1/2017 – 16 часа на Агенцијата Про агенс
Кратко ИНФО
Про агенс е акредитиран субјект за спроведување на КПУ едукација на Овластени сметководители / Сметководители.
Согласно со Законот за вршење на сметководствени работи, КПУ обуките претставуваат обврска за СЕКОЕ физичко лице – Овластен сметководител и Сметководител запишан во Регистарот на ИСОС.
Според актуелните одредби на Законот за вршење на сметководствени работи:
- ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ имаат обврска да посетат најмалку 120 часа КПУ Обука за три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година и
- СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ имаат обврска да посетат најмалку 90 часа КПУ Обука за три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.
Обрнуваме внимание дека обврската за исполнување на утврдениот број на КПУ часови временски не е лоцирана на календарска година, туку на ЕДНА ГОДИНА.
Континуираното професионално усовршување се однесува како на вработените во друштвата што вршат сметководствени работи (сметководствени бироа), така и на сметководителите (ОС/С) вработени во било кое трговско друштво (… банки, осигурителни друштва, …), вклучувајќи и јавно претпријатие и трговец-поединец, како и на вработените во сметководствата на субјектите од непрофитниот сектор. Исклучок се вработените во буџетските институции. Едукацијата за нив е на доброволна основа, но секако е неопходна.
Набрзо после КПУ обуките на Златибор ќе следат обуки во Македонија. За детаилте ќе Ве известиме навремено и целосно.
Важно: Според актуелните решенија во Законот (19-а), по завршувањето на обуките се полага испит за проверка на знаењето.
Работни материјали за за КПУ обуката бр. 1/2017 – 16 часа на Агенцијата Про агенс, Златибор (СРБ), 09-10.10.2017 година
- Првата КПУ обука, Про агенс ќе ја одржи на Златибор во хотелот „МонаЗлатибор“ во деновите 9-ти и 10-ти октомври, 2017 година во траење од 16 КПУ часови (по 8 КПУ часови дневно). Дневниот тајминг за КПУ обуките на Златибор може да го симнете овде: dneven-tajming
- Работни материјали:
Пријава за учество на обуката (сместување и превоз): obuka_prijava
Про-фактура за КПУ обука за 1 лице: pro_faktura_kpu-zlatibor_09_2017
Заради забрзување на издавањето на потврдите за остварени КПУ часови, во Ваш интерес е уредно да се пријавите (со бројот на уверението од ИСОС) и да извршите плаќање по профактурата надоцна ТРИ дена пред тргнувањето.
Со цел КПУ обуката да биде поуспешна, поефикасна и комплетна, покрај презентациите (кои ќе Ви бидат достапни во електронска форма) учесниците ќе добијат и пишуван материјал (ПРИРАЧНИК) од истата.
- Програма на КПУ обуката бр. 1/2017 – 16 часа на Агенцијата Про агенс: %d0%ba%d0%bf%d1%83-1-2017-16_zlatibor_2
Акти (материјали) на ИСОС и НКИСТ (тело кое ги акредитираше едукаторите), поврзани со КПУ обуките
- Годишна Програма за КПУ на ИСОС за 2017 година: %d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0_11092017
- Напатствие за КПУ од НКИСТ: napatstvija-za-kpu