ПАКЕТ ПРЕТПЛАТА на Проагенсовите изданија !
Поради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс нуди ПАКЕТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА.
Пакетот Проагенсова годишна претплата има единствена содржина:
12 ИНФОРМАТОРИ + е-ИНФО-РЕГИСТАР + ПРИРАЧНИК ЗА ГОДИШНА СМЕТКА + е-НАПИСИ + е-ИНФО + КОНСАЛТИНГ …
Цена на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)
СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА:
- 12 броеви ИНФОРМАТОР, печатено и е-издание (од тоа еден двоброј)
- Инфо-регистар, е-издание
- Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание; а за учесниците на Обуката за годишна сметка: е-издание
- КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и во директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот
- НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk
- БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL
(за составување на годишната сметка и финансиските извештаи; плати – нето/бруто; пресметка на камати; патен налог, МДБ, …) - е-написи за одделни интересни и важни теми
- е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл
БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ
- Прирачник за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание
- EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ
Кратки појаснувања во врска со Пакетот Претплата
Секој претплатник којшто претплата за 2025 година ќе ја плати до крајот на 2024 година ќе добие:
- е-ПРИМЕР на СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ за СРЕДНИ И ГОЛЕМИ СУБЈЕКТИ за 2025 г. или
- е-ПРИМЕР на СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ за МИКРО И МАЛИ СУБЈЕКТИ за 2025 г.
- Информатор – месечно печатено издание
Специјализирано месечно издание, кое содржи текстови од областа на сметководството и финансиското известување со посебен осврт на транзицијата на новите МСФИ во примена од 2025 година. Во списанието освен избрани текстови од сферата на финанасиското известување, редовно објавуваме и текстови за оданочувањето, статусното право, трговијата, работните односи, …
Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, …).
- Инфо регистар – редовно ажурирање (е-издание)
Папка која ги собира работните информации подредени во седум дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, …) која освен основната е-влошка содржи и редовни месечни е-ажурирања.
- Про економија – годишно издание (печатено издание; учесниците на наменските online обуки за годишна сметка добиваат е-издание)
Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи за трговските друштва, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ/МСС, МСФИ за МСЕ), потоа за самостојните вршители на дејност и за непрофитните субјекти и се разбира годишното даночно известување за сите категории на обврзници.
- Консалтинг услуги и е-комуникација
Покрај Сетот на изданија, во цената на ПАКЕТОТ Годишна претплата се вклучени и:
- непосредните консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса),
- 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk,
- брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса,
- можност за директни средби.
Посебни поволности
Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти на посебните изданија и прирачници и привилегираните цени за дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година …
Цена
Цената на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна.
Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210 050 394 01 01 43 кај НЛБ банка АД Скопје, со цел на дознака: „Пакет претплата за ХХХХ година“ и повикување на број: ХХХ