Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи:
- Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување.
- Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста.
- Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство.
Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки. - Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи.
Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате преку следниот линк: https://ener.gov.mk/files/propisi_files/ria1/1_1552342153Tekst%20na%20zakon.doc