Одлуката за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката е правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на делот од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Според членот 487 став 5 од ЗТД одобрената дивиденда може да се исплати најдоцна во рок од девет месеци по завршувањето на деловната година за која се исплатува. Неисплатувањето на одобрена дивиденда заклучно со септември во тековната година е санкционирано како прекршок во член 599 став 1 точка 7 од Прекршочните санкции на ЗТД. Пример на Одлука за исплата на дивиденда може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Барања за Автентични толкувања на Законите за ДДВ, за работни односи и за трговски друштва. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Јавните претпријатија имаат обврска за достава до основачот на тримесечни извештаи со финансиски показатели за работењето и обврска после нивното усвојување да ги објават на интернет страница (своја или на основачот). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Со најновите измени и дополнувања на Законот за трговските друштва (усвоени на 26 јуни 2018 година, Сл весник 120/18), се бришат одредбите кои се однесуваат за тајните друштва. Измените се направени во насока на зголемување на транспареноста, намалување на можноста за даночна евазија и даночно затајување, потребно од достапност на информации за правниот или вистински сопственик на правните субјекти, како и потребата на даночната администрација да има пристап до тие информации, со цел истите да може да ги користи за свои цели и да ги разменува со другите даночни администрации. Пречистен текст на ЗТД и детали за новините побарајте на ПОВЕЌЕ.
„Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Во два посебни текстови ги елаборираме актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
30 септември е краен рок за исплата на одобрена дивиденда. Донесената Одлука за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката претставува правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на дел од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Деталите (и пример на Одлука) побарај ги во целосниот текст на ПОВЕЌЕ.