Стечајни постапки НЕМА да се отвораат за време на вонредната состојба и после тоа, до 30 јуни 2020 година

Стечајни постапки НЕМА да се отвораат за време на вонредната состојба и после тоа, до 30 јуни 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пролонгиран рокот за доставувањето на ревидираните и одобрени финансиски извешти за 2019 година за средни и големи АД и ДОО

Пролонгиран рокот за доставувањето на ревидираните и одобрени финансиски извешти за 2019 година за средни и големи АД и ДОО. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Продолжен рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи за 2019 година за друштвата со ограничена одговорност

Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна  состојба, објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 123 од 13.05.2020 година уредени се два битни сегменти на примената на Законот за трговските друштва  за време на вонредната состојба, кои се однесуваат на: дефинирање на веродостојни сметководствени документи и рокот доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на друштвата со ограничена одговорност до Регистарот на годишни сметки. Деталипобарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Од 4 април 2020 година повторно се дозволува исплата на дивиденда на странски сопственици

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила со која престанува да важи Уредбата за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 79/20 и 87/20). Со последната Уредба од 4 април 2020 година и ПРЕСТАНУВАЊЕТО НА ВАЖЕЊЕТО на иницијалната Уредба (79/20) и измената и дополнувањето на иницијалната Уредба (87/20) е укината забраната за исплата на дивиденда на странски содружници, односно на странски акционери кај сите трговски друштва и за време на траењето на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за Законот за стечај – Без отворање на стечајни постапки додека трае вонредната состојба

На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Детали за ова и пречистен текст на Законот за стечај побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предложени измени на Законот за трговските друштва во насока на ставање вон сила на постапката на бришење на неактивни субјекти

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (јули 2019), има за цел ставање вон сила на членовите 552-а и 552-б од предметниот закон (во натамошниот текст: ЗТД) со кои е уредена постапката на бришење на неактивни субјекти од надлежен регистар, како и посебните причини кои ја иницираат оваа постапка. Во исто време, се предлага уредување на деловниот статус на веќе избришаните субјекти од тровскиот регистар по основа на исполнување на условите од член 552-б од ЗТД, во насока на давање можност за нивното повторно активирање во одреден законски рок. Текст и детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Дивиденда 2019 – прописи, извори, даноци, евиденција,…

„Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Линкуваниот текст ги елаборира актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Исплатата на дивиденда е прашање за коешто се расправа и кое во детали се дефинира на годишното собрание (собир) на оние трговски друштва што искажале нето добивка (немаат непокриена загуба) и имаат позитивен став кон распределбата на дивиденда, а кое прашање претходно го вклучиле како точка во предложениот дневен ред на годишното собрание на акционерите, односно на годишниот собир на содружниците. Целосен текст за дивидендата може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Јавни претпријатија – задолжителна функција заменик директор – Пречистен текст на Законот за ЈП

Со последните измени на Законот за јавните претпријатија (35.19) воведена е функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија. Линк до пречистениот текст на Законот за јавните претпријатија на ПОВЕЌЕ.

Share
Соопштение на ЦРМ за бришење на субјекти

Соопштение на Централниот регистар на Република Македонија за отпочнување на постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци согласно со член 552 а, во врска со член 552-б од Законот за трговски друштва - 30.01.2019 година. Детали и список на фирмипобарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Автентично толкување на Собранието на РМ поврзано со одредбата од ЗТД за забрана за ОСНОВАЊЕ на трговско друштво од лице кое е содружник во ДООЕЛ или ДОО чија сметка е блокирана

Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 24 октомври 2018 година, даде автентично толкување на членот 29 став (2) точка 4) од Законот за трговските друштва, во врска со забраната за основање на трговско друштво од лице кое е содружник во ДОО или во ДООЕЛ чија сметка е блокирана додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над друштвото не се отвори постапка за ликвидација или стечај. Автентичното токување на Собранието на РМ може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share