2022 - Посебности на работењето во недела (ЗРО и Закон за трговија), детали побарајте во два посебни текстови на ПОВЕЌЕ.
Донесени измените на Законот за трговија (недела неработен ден). Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно закон (празници). За исклучоците и за други детали информирај се на ПОВЕЌЕ.
Информација за Владината Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало побарај на ПОВЕЌЕ.
Во Законот за трговија со последните измени и дополнувања (215/21) кои влегоа во сила од 24 септември 2021 година се предвидени новини во делот на прекршочните санкции, со цел негово усогласување со новиот Закон за прекршоците. Коментар, Законот и пречистен текст на Законот за трговија побарај на ПОВЕЌЕ.
Дополнување на Законот за трговија како замена за Уредбата што се применуваше за време на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Изменување на Уредбата за домашни платежни картички: Олеснување за обележувањето на македонските производи и нови шифри кои може да наплатуваат со домашна платежна картичка. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Дефинирање на категоријата „македонски прозводи“ за целите на примената на Уредбата за домашна платежна картичка. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
On-line продажбата на добра во актуелните услови станува интересна бизнис опција. За целите на достава на стоки и производи до дома компаниите фрмираат свои служби, односно користат компании специјализирани за достава. Детали на темата побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 80/2020 се објави Одлука за дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за потрошен медицински материјал, со која од листата на стоки со тарифен број ex3004 90 00 00 (ознаката „ex“ значи важење само за некои од стоките содржани во тарифниот број) ослободувањето се предвиде и за производот хлорокин (chloroquine) кој се увезува под овој тарифен број. Ова дополнето ослободување е на сила од денот на објавувањето - 27 март 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.