Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам во сила од 12 јули 2022 г. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст на тема Предлог законски измени во ноември 2020 година - обврски на субјектите-обврзници (вршители на сметководствена и ревизорска дејност и на даночен консалтинг) согласно со законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Интерни компаниски акти за спречување перење пари и финансирање на тероризам побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за време на вонредна состојба, која е објавена во „Службен весник на РСМ“ број 154 од 10 јуни 2020 година и влезена во сила со денот на објавување (10.06.2020 година), а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и 180 дена по престанувањето на траењето на вонредната состојба (до половината на декември 2020 година. Во овој ограничен период на примена, постојаното следење на деловниот однос, за ажурирање на документите и податоците на клиентите, ополномоштувачите или вистинските сопственици и за работењето на клиентите со низок ризик ќе се врши согласно со одредбите на новодонесената Уредба со законска сила, а за останатите обврски/активности ќе се применува Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам - ЗСППФТ („Службен весник на РМ“ бр. 120/2018 и 275/2019). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 1 Јуни 2019 година забрането е плаќањето со готово на стоки и услуги во износ над 500 евра во денарска противвредност. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Информација за новиот Правилник за содржината и видот на податоците кои одделни субјекти ги доставуваат до УФР побарај на ПОВЕЌЕ.
Информација за граничните износи за забрана за плаќање / наплата на стоки и услуги во ГОТОВО, ПЕРИОД на важење и ГЛОБИ за непочитување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосна информација: Обврски на субјектите-обврзници согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Примери на Програма, Оценка на високото раководство за примена на Програмата, Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам на УФР, Одлука за именување на овластено лице и негов заменик,... може да побарате на ПОВЕЌЕ.
Правни и физички лица кои вршат ревизорски и сметководствени услуги, советуваат за даноци, нотари, адвокати, ... кои имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, имаат обврска да именуваат ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ И НЕГОВ ЗАМЕНИК и да достават податоци до ... За деталите, како и Одлука за именување на овластено лице и заменик побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јануари 2019 година дозволеното плаќање во ГОТОВО се НАМАЛУВА од 2.000 евра на 1.000 евра во денарска противвредност. Информација за ова и три упатства на Управата за финансиско разузнавање и Терк на Програма на Про агенс може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Заради обезбедување на транспарентност на сопственичката структура на правните субјекти се воспоставува регистар на вистински сопственици (во натамошниот текст: регистар). Централниот регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: администратор на регистарот) го воспоставува, води, одржува и управува со регистарот. Министерот за финансии го пропишува начинот на внесување, пријавување, исправка и бришење на податоците од регистарот, начинот на користење, начинот на изразување на висината на уделот (индикатор за утврдување на сопственоста), начин на одржување и администрирање, техничките барања (потреби) за воспоставување на регистарот. Во Службен весник 186/18 е објавен Правилник за Регистарот на вистински сопственици (во сила е од 16 октомври 2018 година). Правните субјекти (трговски друштва, трговец поединец, самостојни вршители на дејност, подружници и филијали на странски трговски друштва и странски трговец поединец; здруженија, сојузи, фондации, комори, синдикати, политички партии, задруги, верски заедници или други организации и нотари, адвокати и други лица кои вршат јавни овластувања). Деталите и Правилникот може да ги побарате на ПОВЕЌЕ.