01.04.2019: Вредносни прагови на набавки кои не подлежат под режимот на новиот Закон за јавни набавки

Новиот Закон за јавните набавки е објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 24/19, влезе во сила на 09.02.2019 година, стратува со примена од 1 април 2019 година. Информација за вредносните прагови на набавки кои не подлежат под режимот на новиот Закон за јавни набавки прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Промени на начинот и условите за отворање сметки во странство

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Либерализација на капиталните трансакции за резиденти: Вложување во ХОВ и недвижности во странство

Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Македонија од 4 декември 2018 година премина во ВТОРАТА фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ

Министерството за надворешни работи објави во „Службен весник на РМ“ број 17 од 25 јануари 2019 година дека Одлуката за ПРЕМИН ВО ВТОРА ФАЗА НА АСОЦИЈАЦИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, согласно со членот 5 (3) од СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА склучена меѓу Европските заедници и нејзините земји - членки од една страна и Република Македонија од друга страна, донесена од страна на Советот за стабилизација и асоцијација со размена на писма на 10.7.2018 година и 26.11.2018 година во Брисел, е ВЛЕЗЕНА ВО СИЛА НА 4 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА. Детали и линк до инфо на Министерството за финансии побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
На 28 јануари 2019-та донесен новиот Закон за јавни набавки

Собранието на РМ на 28 јануари 2019-та година го усвои новиот Закон за јавни набавки. Законот ќе се применува од 1 април 2019-та година. Детали и Предлог Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Важни измени во Законот за платен промет, Законoт за УЈП и Законот за банките

Во „Сл. весник на РМ“, бр. 7/2019 објавени се важни измени и дополнување во Законот за платен промет, Законот за УЈП и Законот за банките. Сите детали побарај ги на ПОВЕЌЕ:

Share
Од 1 јануари 2019 година, дозволеното плаќање во ГОТОВО се НАМАЛУВА од 2.000 евра на 1.000 евра

Од 1 јануари 2019 година дозволеното плаќање во ГОТОВО се НАМАЛУВА од 2.000 евра на 1.000 евра во денарска противвредност. Информација за ова и три упатства на Управата за финансиско разузнавање и Терк на Програма на Про агенс може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Регистар на вистински сопственици (Закон за СППиФТ)

Заради обезбедување на транспарентност на сопственичката структура на правните субјекти се воспоставува регистар на вистински сопственици (во натамошниот текст: регистар). Централниот регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: администратор на регистарот) го воспоставува, води, одржува и управува со регистарот. Министерот за финансии го пропишува начинот на внесување, пријавување, исправка и бришење на податоците од регистарот, начинот на користење, начинот на изразување на висината на уделот (индикатор за утврдување на сопственоста), начин на одржување и администрирање, техничките барања (потреби) за воспоставување на регистарот. Во Службен весник 186/18 е објавен Правилник за Регистарот на вистински сопственици (во сила е од 16 октомври 2018 година). Правните субјекти (трговски друштва, трговец поединец, самостојни вршители на дејност, подружници и филијали на странски трговски друштва и странски трговец поединец; здруженија, сојузи, фондации, комори, синдикати, политички партии, задруги, верски заедници или други организации и нотари, адвокати и други лица кои вршат јавни овластувања). Деталите и Правилникот може да ги побарате на ПОВЕЌЕ.

Share
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи …

Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени во Законот за трговија (во сила од САБОТА – 7 јули 2018 г.) – укинување на забраната за продажба на алкохол ноќе

Со новите измени во Законот за трговија - „Законот“ (објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 120/18), направени се одредени поволности за трговците на мало, во однос на продажбата на алкохолните пијалоци. Измените стапуваат во сила од 7 јули 2018 година (сабота), а се однесуваат на следново: Укинати се ограничувања во врска со времето на продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата и укинати се ограничувања во врска со продажните објекти и условите во кои можат да се продаваат алкохолни пијалаци во нив. Пречистениот текст на Законот за трговија и деталите за новините побарај на ПОВЕЌЕ.

Share