Во услови на кризата од корона вирусот, согласно со членот 30 од Законот за трговија, Владата пропиша ограничување на извозот на одделни производи, определување на највисоки цени за одделни производи и утврди посебни услови за трговија на одделни стоки - забрана за зголемување на маржата. Текст со детали за мерките во трговијата заради заштитa од корона вирусот и сите поврзани прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за регулативата за електронската трговија, нејзиниот даночен и сметководствен третман побарај на ПОВЕЌЕ.
За време на летната сезона во туристичките дестинации во Р.С. Македонија, а се почесто и во главниот град во текот на целата година, физички лица-граѓани заработуваат приходи од изнајмување на соби, апартмани и куќи на туристи (привремени гости на краток престој) т.е. вршат угостителска дејност согласно со Законот за угостителската дејност - ЗУД. Се почеста е и праксата на изнајмување на соби, апартмани и куќи од физички лица преку Booking и Airbnb, за што исто така важат одредбите на ЗУД, иако издавачите не се придржуваат целосно до законските обврски. Овој текст, меѓу другото, е и наменет за информирање на овие лица за правилниот начин на работење и на оданочување, со цел да ги избегнат несаканите реперкусии и прекршочни глоби според Законот за угостителската дејност и Законот за данокот на личен доход. Текст на оваа тема можеш да симнеш на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јуни 2019 година стартува дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Од 1 Јуни 2019 година забрането е плаќањето со готово на стоки и услуги во износ над 500 евра во денарска противвредност. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Информација за новиот Правилник за содржината и видот на податоците кои одделни субјекти ги доставуваат до УФР побарај на ПОВЕЌЕ.
Можноста странските лица да бидат вложувачи во Република Северна Македонија (Р.С. Македонија), е утврдена со македонскиот Устав, а уставната основа детално е уредена со повеќе законски и подзаконски прописи со кои се третирани различните аспекти на странските вложувања, почнувајќи од условите и формите на нивното конституирање, преку нивното работење, стекнување и трансферирање на добивка во странство, даночното третирање и повластици, се до престанување и бришење на истите од предметните домашни регистри и враќање на средствата во странска држава. Во комплексот на правно релеванти, актуелни решенија за странските вложувања, примарно место заземаат статусните одредби на Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД) со кои се уредува правната положба и дозволените форми на вложувања и работење на странските лица (нерезиденти) во Р.С. Македонија. Нормативниот третман на странските директни инвестиции се проширува со Законот за девизно работење (во натамошниот текст: ЗДР), преку обврската за нивното регистрирање во Централниот регистар на Р.С. Македонија (во натамошниот текст: Централниот регистар), како и преку дефинирање на правните гаранции што им се обезбедуваат на странските инвеститори во однос на вложените средства. Сите детали побарај ги во текстот на ПОВЕЌЕ.
Информација за граничните износи за забрана за плаќање / наплата на стоки и услуги во ГОТОВО, ПЕРИОД на важење и ГЛОБИ за непочитување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосна информација: Обврски на субјектите-обврзници согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Примери на Програма, Оценка на високото раководство за примена на Програмата, Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам на УФР, Одлука за именување на овластено лице и негов заменик,... може да побарате на ПОВЕЌЕ.
Правни и физички лица кои вршат ревизорски и сметководствени услуги, советуваат за даноци, нотари, адвокати, ... кои имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, имаат обврска да именуваат ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ И НЕГОВ ЗАМЕНИК и да достават податоци до ... За деталите, како и Одлука за именување на овластено лице и заменик побарај на ПОВЕЌЕ.