15 март 2023: Извештај до НБРМ за вложувањата ВО-ОД странство за 2022 година

15 март 2023: Извештај до НБРМ за вложувањата ВО-ОД странство за 2022 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ

Share
11.04.2022: Нова можност за отворање сметка во странство – за плаќање на обврски кон правни лица од Руската Федерација

11.04.2022: Нова можност за отворање сметка во странство - за плаќање на обврски кон правни лица од Руската Федерација. Детали и пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
НОВ Образец за менувачко работење (Декаден Извештај: ИМР 1)

НОВ Образец за менувачко работење (Декаден Извештај: ИМР 1). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Курсни листи за 2021 (просечен курс на еврото, курс на 31.12 и дневни курсни листи)

Курсни листи за 2021 (просечен курс на еврото за 2021 година, курс на 31.12.2021 година и дневни курни листи) побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нови обрасци за упис на директните инвестиции во Централниот регистар

Нови обрасци за упис на директните инвестиции во Централниот регистар, Пречистен текст на Законот за девизно работење и новите Правилници/Обрасци побарај ги на ПОВЕЌЕ

Share
1 Септември 2021: Измени на Одлуката за менувачки работи

Од 1 септември 2021 година е во сила најнова измена на Одлуката за менувачки работи („Службен весник на РСМ“, бр. 127/12, 42/14, 42/16, 184/18 и 198/21). Информација и пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Одлуката за отворање на сметки во странство од страна на македонски резиденти кои не се овластени банки (30.04.2021)

Коментар на измените и дополнувањата на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 30 април 2021 година) и Пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
15.03.2021-ва: Рок за известување на НБРСM за вложувања ВО/ОД странство

Капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство се обврзани да ја известуваат Народната банка на РСМ за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство. Известувањето се врши преку обрасците: ВС 11 - Извештај за вложувања ВО странство, ВС 22 - Извештај за вложувања ОД странство, КВС 22 - Квартален извештај за вложувања ОД странство. ВС извештаите (11 и 22) се поднесуваат до 15 март 2021 година, за 2020 година (известуваат само избрани претпријатија). Рокот на доставување на образецот КВС 22 е 20 дена по завршувањето на извештајниот квартал. Деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Директни инвестиции и работење на странски лица во Македонија со фокус на подружница

Можноста странските лица да бидат вложувачи во Република Северна Македонија (Р.С. Македонија), е утврдена со македонскиот Устав, а уставната основа детално е уредена со повеќе законски и подзаконски прописи со кои се третирани различните аспекти на странските вложувања, почнувајќи од условите и формите на нивното конституирање, преку нивното работење, стекнување и трансферирање на добивка во странство, даночното третирање и повластици, се до престанување и бришење на истите од предметните домашни регистри и враќање на средствата во странска држава. Во комплексот на правно релеванти, актуелни решенија за странските вложувања, примарно место заземаат статусните одредби на Законот за трговските друштва (во натамошниот текст: ЗТД) со кои се уредува правната положба и дозволените форми на вложувања и работење на странските лица (нерезиденти) во Р.С. Македонија. Нормативниот третман на странските директни инвестиции се проширува со Законот за девизно работење (во натамошниот текст: ЗДР), преку обврската за нивното регистрирање во Централниот регистар на Р.С. Македонија (во натамошниот текст: Централниот регистар), како и преку дефинирање на правните гаранции што им се обезбедуваат на странските инвеститори во однос на вложените средства. Сите детали побарај ги во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Промени на начинот и условите за отворање сметки во странство

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share