Пречистени текстови на Законот за даночна постапка и Законот за регистрирање на готовинско плаќање (247.2022) побарај на ПОВЕЌЕ
За време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот, до 30 јуни 2020 година УЈП: НЕМА да издава опомена за плаќање на данок и НЕМА да отпочнува постапка на присилна наплата. Со најновото дополнување на Уредбата на Законот аз даночна постапка се пропишува дека УЈП нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за: даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата; даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Намалена камата на даночен долг од 0,015% на ден со лимитирана примена до 60 дена после вонредната состојба. Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 191/19 објавен е Закон за ратификација на Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања, изменета со протоколот од 2010 година. Конвенцијата не уредува даночен систем ниту даночна политика на земјата потписничка. Водењето на даночната политика и уредувањето на даночниот систем е автономно право на земја потписничка на конвенцијата. Со прифаќањето на Конвенцијата даночниот систем на РС Македонија останува непроменет, и уреден според националните даночни регулативи. Конвенцијата создава услови земјите потписнички (членки на Советот на Европа и членки на OECD) да ја зголемат соработката меѓу даночните власти заради оневозможување на избегувањето на плаќање данок и други форми на даночна евазија. Конвенцијата и детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Даночниот обврзник може да поднесе барање за пренасочување до УЈП, доколку данокот или споредната даночна давачка, кој бил должен да ги плати, наместо на соодветната уплатна сметка за тој вид на данок/споредна даночна давачка, ги уплатил на друга (погрешна) уплатна сметка. Детали за процедурата побарајте на ПОВЕЌЕ.
Пречистениот текст на Законот за даночната постапка може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе