Собранието на РМ на 66-та седница одржана (24 декември 2018-та година) ги усвои: Законот за данокот на личен доход и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Предлог Законот за данокот на личен доход е дополнет со амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет одржана на 6 декември 2018 година. Со овие дополнувања Законот е проследен на усвојување во Собрането на РМ. Целосниот текст на предлог Законот за данокот на личен доход со вклучени усвоени амандмани (со црни букви) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Пензионерите се ослободени од пријавување Годишна даночна пријава во наредните седум години. Детали на ПОВЕЌЕ.
Со нов Закон за данокот на личен доход (предлог), од 1 јануари 2019 година во Македонија се враќа прогресивното оданочивање на доходот на граѓаните. Детали за најавените даночни новини кај персоналниот данок на доход:
Кратко инфо за регистрација на ГРАЃАНИТЕ на електронската платформа нa УЈП за персоналниот данок на доход. Види на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јануари 2019 година Управата за јавни приходи ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Иако најавени, сеуште не се донесени измените во Законот за банките со кои се предлага за целите на оданочувањето да биде суспендирана банкарската тајна за потребите на даночниот орган, а во функција на изготвување на Годишната даночна пријава за секој даночен обврзник-граѓанин. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за трговија на зелени пазари (11/2018), трговијата на зелен пазар, е дефинирана како купување и продавање стоки на организиран пазар. Законот влез во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ (18 јануари 2018 година). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Со последните изменувања и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход (Сл. весник на РМ, бр. 190/17) освен административните олеснувања, воведени се повеќе важни даночно ослободувања. Коментар може да го прочитате на ПОВЕЌЕ.