Управата за јавни приходи информира дека системот е-Персонален данок ќе биде привремено недостапен поради имплементација на обрасците “ДЛД-ДБ” и “Б” за 2019 година кои задолжително се поднесуваат по електронски пат. На системот e-pdd поставено е Барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем на управување (образец ДЛД-02), кој ќе започне да се поднесува електронски во 2021 година. Во системот e-pdd во модулот„Доход од вршење самостојна дејност“ се содржи под-модулот Вистински доход, преку кој се врши внес и обработка на: Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Годишен даночен биланс (образец ДЛД-ДБ).
Прегледот на пресметани даночни стапки на данокот на личен доход за 2020 година (од нето износ) и Алатка за пресметка на данокот на доход (во примена од 1 јануари 2020 година), според различни видови на примања и надоместоци може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Пречистен текст на Законот за данокот на личен доход, со вклучени измени и дополнувања од „Сл. весник“, бр. 275/19, Алатки за пресметка на НЕТО и БРУТО платата за 2020 година може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Службениот весник на РСМ бр. 275/19 од 17 декември 2019 година со сет на даночни и други закони може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 271/19 објавен е Правилникот за формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои вршат самостојна дејност. Со Правилникот е пропишана формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс (Образец ДЛД-ДБ) за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги. Повеќе детали и Правилникот побарај на ПОВЕЌЕ.
Детали за износот на личното ослободување (даночно намалување) за 2020 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Кратка информација за предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ и Текстовите на ДВАТА Предлог Закони доставени до Собранието. Детали на ПОВЕЌЕ.
Се одлага за 3 години оданочувањето на капиталните добивки од ХВ и на каматите од депозити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Според известувањето на УЈП: ГРАЃАНИТЕ И ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГИ ПРОВЕРАТ ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ. Детали на ПОВЕЌЕ.