Информација на УЈП: Евиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата НЕ ТРЕБА да се доставуваат
Со последните изменувања и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход (Сл. весник на РМ, бр. 190/17) освен административните олеснувања, воведени се повеќе важни даночно ослободувања. Коментар може да го прочитате на ПОВЕЌЕ.
1) Упатство за регистрација на корисник на системот и 2) Упатство за аконтативна пресметка на ПДД моѓе да симнете на ПОВЕЌЕ.
Со измена на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 171/17), во примена од 1 јануари 2018 година, извршено е зголемување на акцизата на гасни масла (односно за следните нафтените деривати) од точка 2 на член 28 од Законот за акцизите: - погонско гориво (акцизата се зголемила од 12,121 на = 15,121 ден/л) и - гориво за греење (акцизата се зголемила од 3,136 на = 6,136 ден/л). За обврски кои произлегуваат од зголемувањето на акцизата побарај на Коментарот на ПОВЕЌЕ.
За новините во Законот за персоналниот данок на доход што ќе се применуваат од 1 јануари 2018 година и пречистениот текст на Законот детали побарај го на ПОВЕЌЕ.
Флаерот на УЈП за новите е-пресметки на ПДД од 2018 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Со измена на Законот за придонеси објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 171/17, од 1 јануари 2018 година се менува НАЈВИСОКАТА месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите. За деталите побарај на ПОВЕЌЕ.
За даночниот третман во врска со прометот на станови и станбени згради (оданочување со 5%, неоданочување, можност за оданочување со 18%, пресметување на данок на промет на недвижности, право на одбивка на влезно ДДВ, промет без можност за одбивање на ДДВ од набавката и сл.) прочитајте на ПОВЕЌЕ.
Од 2018 година започнува примената на Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Белгија
25.10.2017 е-Даноци во прекин - Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолжен Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.