Иако најавени, сеуште не се донесени измените во Законот за банките со кои се предлага за целите на оданочувањето да биде суспендирана банкарската тајна за потребите на даночниот орган, а во функција на изготвување на Годишната даночна пријава за секој даночен обврзник-граѓанин. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите до 31.12.2018 година. Деталите на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РМ“, бр. 36 од 26 февруари 2018 година е објавен нов Закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Ви обрнуваме внимание на исплатите кон СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА по основ на рекламирање на facebook, google, amazon,.... Имено овие исплати направени со компаниски платежни картички (или исплатени на друг начин од средства на македонска компанија) се ОДАНОЧИВИ ако не се спроведат пропишаните процедури пред УЈП. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
УЈП повторно ја враќа „во игра“ ДДВ евиденциите. Евиденцијата на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 52 од ЗДДВ, поделена на два дела и тоа: а) Излезен промет во земјата и б) Излезен промет - Извоз; Евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период, поделена на два дела и тоа: а) Влезен промет од земјата и б) Влезен промет – Увоз. Даночните обврзници кои немаат доставено Табеларен преглед – ДДВ евиденција почнувајќи од 01.01.2017 година, потребно е да достават во најкус можен рок вели УЈП. За деталите види на ПОВЕЌЕ
Со Законот за трговија на зелени пазари (11/2018), трговијата на зелен пазар, е дефинирана како купување и продавање стоки на организиран пазар. Законот влез во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ (18 јануари 2018 година). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
За последната измена и дополнување на Законот за готовинските плаќања прочитај на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на земји со кои Р. Македонија има склучено договори за одбегнување на двојното оданочување може да го симнеш на ПОВЕЌЕ. Прегледот на земји и даночни стапки уредени со договорите за одбегнување на двојното оданочување по одделни видови на приходи може да го симнеш на ПОВЕЌЕ.
За нормативните аспекти, за дилемите и нелогичностите во врска ДДВ регистрацијата и оданочувањето на граѓаните прочитајте на ПОВЕЌЕ.