УРЕДБАТА за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности е дополнета со одредба за пролонгиран рок на важење на истата, до 31.12.2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Уште една Уредба со која Владата на РСМ им олеснува на донаторите кои го помагаат здравството и економијата во справувањето со состојбите предизвикани од коронавирусот COVID 19, е Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 103/2020 и е во сила од 16.4.2020 година, а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба. Детални упатства побарај на ПОВЕЌЕ:
Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 82/2020) со која се пропиша олеснителен начин за издавање на фактури во електронска форма, се прошири со предвидено ослободување од ДДВ за донирани добра и услуги кои се однесуваат за справување со Коронавирусот Covid-19. Проширувањето е направено со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (во натамошниот текст - „Уредба“) која се објави во „Службен весник на РСМ“, бр. 102/2020 и стапи на сила од 14 април 2020 година, а предвидува: ослободување од данокот на додадена вредност на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник, односно прометот остварен со донирани финансиски средства кон буџетски корисник, кој се однесува за справување со Коронавирусот Covid-19. Текст со Договор за донација и Потврда за примена донација и пречистен текст на Уредбата за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ:
Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности го уредува давањето и примањето на донациите и спонзорствата за кои давателот и примателот можат да бараат даночни поттикнувања, целта на давањето и примањето, предметот, користењето, даночните поттикнувања, евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во јавните дејности. Текст за Донации и спонзорства во јавните дејности со даночни поттикнувања и Пречистен текст на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности побарајте на ПОВЕЌЕ.