Во „Службен весник на РСМ“, бр. 88 од 03.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија за време на вонредна состојба. Со оваа владина Уредба, висината на минималната нето плата за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година останува НЕПРОМЕНЕТА и изнесува 14.500 денари. Потсетуваме дека во „Службен весник на РСМ“ бр. 75/20, Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на минимална плата кој требаше да се применува во периодот: април 2020 - март 2021 година, и кој требаше да изнесува 14.934 денари (21.776 денари бруто плата). Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 239/19, од 19.11.2019 година се објавени измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Измените влегуваат во сила на 19.11.2019 година. Согласно со ово Закон, висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година. Детали и линкови до ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ за Законот за минимална плата побарај на ПОВЕЌЕ.
402 - Нова шифра во МПИН-от за работниците за кои се бара поддршка за раст на платите. Новиот Правилник и детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 07/2018 година, а не побарале обезбедување на финансиска поддршка истото може да го сторат со... Детали побарај на ПОВЕЌЕ
Инструкција на УЈП за примена на законската одредба за финансиска поддршка на работодавачите за раст на плати во повисок износ од минималната плата и мајнова верзија на МПИН од 23.08.2018 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Коментар на Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија со кој се пропишува финансиска поддршка за раст на плати во износ повисок од минималната плата како и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за минималната плата (со вклучени предлог измени од јули 2018 година) може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Mинималната бруто плата од јули 2018 година ќе изнесува 17.370 денари, а соодветно на тоа и пресметаниот минимален нето износ на истата ќе бида 12.165 денари. Детали за информацијата и Пречистен текст на Законот за минимална плата со вклучени предлог измени од ЈУЛИ 2018 може да ги симнеш на ПОВЕЌЕ:
УЈП постави информација и нов МПИН на УЈП во функција на измените на Законот за минимална плата. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Во функција на навремена и на закон заснована исплата на платите за месец септември 2017 година, а имајќи ги предвид новините поврзани со минималната плата (132.17), Про агенс подготви детален Коментар на Законот за изменување и дополнувањата на Законот за минимална плата во Република Македонија. Коментарот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Објавен Правилникот за начинот на обезбедување на финансиската помош за исплата на минимална плата (138/17). Правилникот е во сила од 3 октомври 2017 година. Со Правилникот се уредени механизмите на финансиската помош за исплата на пропишаниот износ на минимална плата. Правилникот побарај го на ПОВЕЌЕ.