Ваучери за туризам за работници со низок доход

Вработени лица со низок доход се државјани на РС Македонија кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. Ваквата дефиниција на категоријата вработени лица со низок доход ги опфаќа работниците кои примале најмногу 15.000 денари месечно за периодот јануари-април 2020 година во форма на плата односно надомест на плата (боледување). Се разбира во игра се и разни варијациии во форма на помали и/или поголеми месечни износи, но под услов збирот на примањата од плата и надомест на плата на работник за првите четири месеци од 2020 година да не надмине 60.000 денари. Ваучерот за туризам е вредносен ваучер со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија. Се користи за добивање на туристички и угостителски услуги за: сместување или сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти преку даватели на туристички услуги. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share