Со измена на Уредбата продолжена е финансиска поддршка од 14.500 денари на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19 и за месец ЈУНИ 2020 година на. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите (Сл. весник, бр. 156/20, во сила од 12 јуни 2020 година) уредено е субвенционирање на 100% на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID19 за време на траење на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Измени на Уредбата за домашна платежна картичка: продолжени рокови и постдипломците како нови корисници. Пречистен текст на Уредбата и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 153/20 од 9 јуни 2020 година е објавена НОВА Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Covid 19 периодот. Со Уредбата се создаваат услови за поддршка на македонските компании заради задржување и обновување на деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во периодот за време и после корона кризата, во периодот од март 2020 година до декември 2021 година. Коментар, Уредба, Повик, Пријава и Инвестициски план побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба утврдена финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Категориите на граѓани кои ќе добијат финансиска поддршка преку домашна платежна картичка и Уредбата побарај ги на ПОВЕЌЕ.