Дефинирање на категоријата „македонски производи“ (166/2020)

Дефинирање на категоријата „македонски прозводи“ за целите на примената на Уредбата за домашна платежна картичка. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информација за трговците на мало, нивните вработени и купувачите

Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
СПЕЦИФИЧНО ЗА МАЛОПРОДАЖБАТА СО ДОСТАВА НА ДОБРА (со осврт на мерките во услови на справување со Ковид-19)

On-line продажбата на добра во актуелните услови станува интересна бизнис опција. За целите на достава на стоки и производи до дома компаниите фрмираат свои служби, односно користат компании специјализирани за достава. Детали на темата побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Укинување на увозна давачка за медицински материјал

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 80/2020 се објави Одлука за дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за потрошен медицински материјал, со која од листата на стоки со тарифен број ex3004 90 00 00 (ознаката „ex“ значи важење само за некои од стоките содржани во тарифниот број) ослободувањето се предвиде и за производот хлорокин (chloroquine) кој се увезува под овој тарифен број. Ова дополнето ослободување е на сила од денот на објавувањето - 27 март 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измена на Одлуката која се однесува на посебни услови во трговијата на агруми

Во „Службен весник на РСМ“ бр. 79 од 26 март 2020 се објави измена на Одлуката, со која се измени највисоката трговска маржа која трговските друштва и трговците поединци можат да ја применат во трговијата на портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони. Сите детали за ограничувањата во трговијата заради корина вирусот побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Mерки во трговијата за сузбивање на кризата заради корона вирусот

Во услови на кризата од корона вирусот, согласно со членот 30 од Законот за трговија, Владата пропиша ограничување на извозот на одделни производи, определување на највисоки цени за одделни производи и утврди посебни услови за трговија на одделни стоки - забрана за зголемување на маржата. Текст со детали за мерките во трговијата заради заштитa од корона вирусот и сите поврзани прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Продажба преку интернет

Текст за регулативата за електронската трговија, нејзиниот даночен и сметководствен третман побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи …

Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени во Законот за трговија (во сила од САБОТА – 7 јули 2018 г.) – укинување на забраната за продажба на алкохол ноќе

Со новите измени во Законот за трговија - „Законот“ (објавени во „Службен весник на РМ“, бр. 120/18), направени се одредени поволности за трговците на мало, во однос на продажбата на алкохолните пијалоци. Измените стапуваат во сила од 7 јули 2018 година (сабота), а се однесуваат на следново: Укинати се ограничувања во врска со времето на продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата и укинати се ограничувања во врска со продажните објекти и условите во кои можат да се продаваат алкохолни пијалаци во нив. Пречистениот текст на Законот за трговија и деталите за новините побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Даночен третман на продажбите по цени пониски од набавните

Честопати, во случаите кога набавените добра и/или услуги се продаваат под набавната цена (или цена на чинење) погрешно се толкува исходот на ваквата трансакција од аспект на данокот на додадена вредност. Поради издвоено набљудување на повисокиот претходен данок од понискиот излезен данок (даночен долг) од продажбата, даночниот орган (даночните инспектори) на тоа гледа како на штета нанесена на Буџетот и обично се бара „надоместување“ на истата. Дали ваквото постапување е правилно? Дали навистина постои штета за Буџетот? Во текстов се осврнуваме на оваа проблематика и воопшто на продажбите по цени пониски од набавните (цените на чинење). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share