Потребата од обезбедување на практична работа на лица без работно искуство во функција на целосно искористување на потенцијалот на практичната работа во реални услови за невработените лица без практично искуство и нивно полесно вклучување на пазарот на трудот, од една страна, и барањата на работодавачите за вработување на лица со практично искуство од друга страна, го иницираа предлагањето на Закон за практикантство. Детали и Предлог текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ. Текст на Предлог Законот за практиканство:
Со дополнување на членот 128 во ставот 3 точка 2 и во ставот 5 од ЗРО, се прецизира обврската на работодавачот на „ноќните“ работници на негов трошок да им обезбеди: соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. На ПОВЕЌЕ побарај неколку примери за пресметка на овој (неоданочив) надоместок.
Темата на текстот е дисциплинската одговорност на административните службеници, појавни форми на истата, видови на дисциплински мерки, постапката за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекување на дисциплински мерки, правна заштита на административниот службеник, суспензија и други аспекти од значење за утврдување на дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор кои вршат административни работи. Текстот побарај го на ПОВЕЌЕ.
Понеделник (3 септември 2018) е платен одмор за родителите кои имаат ПРВАЧЕ и работат во ЈАВНИОТ СЕКТОР. За правниот основ и деталите побарај на ПОВЕЌЕ.
За обврската за задолжителна обука на работник за гасење пожар, односно за давање на прва помош побарај на ПОВЕЌЕ.
По донесувањето на најновите измени и дополнување на Законот за работни односи од месец ЈУНИ 2018 година (Сл. весник 120/18), изготвивме пречистен текст на ЗРО во кој се вклучени измените. Пречистениот текст на Законот и Коментар на измените симнете на ПОВЕЌЕ.
Од 7 август 2018 година влезе во сила новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. Коментар на Законот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Донесувањето на новиот Закон за приватните агенции е мотвирано од концептуални причини произлезни од ратификувањето на Конвенцијата за приватните агенции за вработување, 1997 (C 181) на Меѓународната организација на трудот во 2012 година, која на тој начин стана составен дел на правниот систем на РМ. Коментар на Законот и самиот Закон може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
ИНФО ПОТСЕТУВАЊЕ: 31 август е краен рок за давање изјава за продолжување на работен однос ! Согласно со член 104 (ставови 2, 3 и 4) од Законот за работните односи, рботникот (маж и жена) со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Деталите (Изјава и Одлука) побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Во рамките на задолжителното здравствено осигурување, на осигурениците во работен однос (вработени лица) им се обезбедува право на паричен надоместок по основ на БОЛЕДУВАЊЕ за време на: -привремена спреченост за работа поради болест и повреда и -отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.