Измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати и НОВ образец БФП-ИП на е-даноци

Во е-даноци на УЈП (www.ujp.gov.mk) поставен e НОВИОТ Oбразец БФП-ИП за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари месечно по вработен за платите за месец април и мај 2020 година. Барањето за финансиска поддршка на работодавач заради исплатата на платите за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) e поставено во системот е-даноци (e-даноци) на УЈП во делот: Поднесоци / Дополнителни услуги / Придонеси / БФП-ИП. Образецот БФП-ИП треба да се пополни најдоцна до 7-ми мај 2020 година  (четврток) за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платата за месец април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Нова Уредба за финансиска поддршка за исплата на плати (28.04.2020)

Новата Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 111/2020 од 28 април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Mинималната нето плата за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година останува НЕПРОМЕНЕТА и изнесува 14.500 денари

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 88 од 03.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија за време на вонредна состојба. Со оваа владина Уредба, висината на минималната нето плата за месеците АПРИЛ, МАЈ и ЈУНИ 2020 година останува НЕПРОМЕНЕТА и изнесува 14.500 денари.  Потсетуваме дека во „Службен весник на РСМ“ бр. 75/20, Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на минимална плата кој требаше да се применува во периодот: април 2020 - март 2021 година, и кој требаше да изнесува 14.934 денари (21.776 денари бруто плата). Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Алатки за пресметка на платите 2020

Алатки за пресметка на платите 2020 од НЕТО и од БРУТО износ може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Измена и дополнување на Законот за минимална плата (239.19) + Пречистен текст

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 239/19, од 19.11.2019 година се објавени измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Измените влегуваат во сила на 19.11.2019 година. Согласно со ово Закон, висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година. Детали и линкови до ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ за Законот за минимална плата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Закон за исплати на плати (пречистен текст – 202.19)

Пречистен текст на Законот за исплата на платите во РС Македонија (заедно со последната измена објавена во Сл. весник 202/19) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
НОВО: ПЛАТИ – АПРИЛ 2019-ТА ГОДИНА: ИНФОРМАЦИЈА И НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

НОВО: Пресметка на плата за АПРИЛ 2019-та година – од МИНИМАЛНА БРУТО ПЛАТА и од НАЈНИСКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ. ИНФОРМАЦИЈА И НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Share
36.017 – Плата за МПИН за 2019-та и Практични ИНСТРУКЦИИ за инсталација на НОВИОТ МПИН.

Просечна исплатена месечна бруто-плата објавена во ЈАНУАРИ 2019-та година што се користи за составување на образецот МПИН за цела 2019-та година изнесува: 36.017 денари; Практични ИНСТРУКЦИИ за инсталација на НОВИОТ МПИН и подготвување на делот „Параметри за пресметка на придонеси“ со илустрација може да најдеш на ПОВЕЌЕ.

Share
Алатки за пресметување на данокот на доход (од нето/бруто) и Алатки за пресметување на БРУТО и НЕТО плата за 2019 година

Алатки за пресметување на данокот на доход (од НЕТО и БРУТО износи) од 2019-та година, Алатки за пресметување на бруто и нето платата за 2019 година (со посебни верзии на англиски), со лимитирање на најниската и највисоката основица за пресметување на придонесите ПЛУС Преглед на пресметаните стапки кои се применуваат на нето исплатите, процентот на одбивка (нормирани трошоци) и гранични изнoси за примена на даночна прогресија. Алатките и Прегледот симнете ги на ПОВЕЌЕ.

Share