Коментар за Пренесување и заложување на удел кај ДОО побарај на ПОВЕЌЕ.
Со измени и дополнувања на ЗТД (215/2021) се воведува поедноставено ДОО и се укинува бришењето на деловните субјекти од трговскиот регистар поради неподнесување годишна сметка до крајот на деловната година. Коментар на сите детали за најновите измени на ЗТД и пречистен тексѕт на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосен текст за Свикување и одржување на Собрание на акционерско друштво со осврт на Годишно собрание побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за роковите и важните активности на субјектите во врска со годишното финансиско известување, како и пречистен текст на Законот за трговските друштва побарај на ПОВЕЌЕ
Трансформација на заем во влог во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото може да се врши за заем исклучиво даден од страна на единствениот содружник во ДООЕЛ (член 169 став 2 од ЗТД), односно од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост (член 416 од ЗТД). Можност за трансформација постои без оглед дали како единствен основач на друштвото се јавува физичко или правно лице, домашен или странски резидент. Дополнителните доплати, исто така може да се трансформираат во влог во друштвото од страна на единствениот содружник. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила со која престанува да важи Уредбата за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ“, бр. 79/20 и 87/20). Со последната Уредба од 4 април 2020 година и ПРЕСТАНУВАЊЕТО НА ВАЖЕЊЕТО на иницијалната Уредба (79/20) и измената и дополнувањето на иницијалната Уредба (87/20) е укината забраната за исплата на дивиденда на странски содружници, односно на странски акционери кај сите трговски друштва и за време на траењето на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (јули 2019), има за цел ставање вон сила на членовите 552-а и 552-б од предметниот закон (во натамошниот текст: ЗТД) со кои е уредена постапката на бришење на неактивни субјекти од надлежен регистар, како и посебните причини кои ја иницираат оваа постапка. Во исто време, се предлага уредување на деловниот статус на веќе избришаните субјекти од тровскиот регистар по основа на исполнување на условите од член 552-б од ЗТД, во насока на давање можност за нивното повторно активирање во одреден законски рок. Текст и детали побарај на ПОВЕЌЕ.
30 септември е краен рок за исплата на одобрена дивиденда. Донесената Одлука за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката претставува правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на дел од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Деталите (и пример на Одлука) побарај ги во целосниот текст на ПОВЕЌЕ.