Министерството за финансии го објави НАЦРТОТ на НОВИОТ Закон за вршење на сметководствени работи. Текстот на Нацрт Законот можете да го симнете на ПОВЕЌЕ:
31 јануари - Рок за известување на ИСОС од страна на деловните субјекти што вршат сметководствени работи. Детали на ПОВЕЌЕ.
Текст за евиденцијата и даночниот третман на трошоците за репрезентација, реклама и промоција може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Проагенсови КПУ обуки 4/2018, ДЕКЕМВРИ 2018: 14 декември 2018-та (петок) – Куманово, сала на општината 15 декември 2018-та (сабота) – Скопје, Економски факултет при УКИМ 17 декември 2018-та (понеделник) – Битола, х. Милениум 21 декември 2018-та (петок) – Скопје, х. Континентал
Про Агенс КПУ изданија 2018 (броеви: 4-8). Можеш да ги симнеш на ПОВЕЌЕ.
Почитувани, Во текот на месец ДЕКЕМВРИ 2018 година, Про Агенс ќе го организира последниот СЕТ на КПУ обуки за 2018 година (4/2018). Наскоро ќе ги објавиме деталите за термините, локациите и посебно актуелните и атрактивни теми за овој период од годината.
Правни и физички лица кои ги вршат сметководствени услуги подлежат на безбедносни проверки согласно со прописите за безбедност на класифицирани информации и се должни да поседуваат безбедносен сертификат со степен „доверливо“. Детали на ПОВЕЌЕ, а целосна информација на претстојните Обуки на Про агенс.
За потребите на македонските компании, кои известуваат кон странство, како и заради запознавање на субјектите од приватниот сектор со тековно важечките сметководствени стандарди во странските држави со чии резиденти деловно соработуваат, темата на линкуваниот текст е новодонесениот МСФИ 15 - Приходи од договори со купувачи, кој се применува од 1 јануари 2018 година. МСФИ 15 не е вклучен во Правилникот за водење сметководство, така што не е задолжителен за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за македонските известувачки субјекти. Целта на носењето на новиот МСФИ 15 е да се подобри финансиското известување за приходите, така што со истиот се заменуваат неколку досегашни стандарди и толкувања, кои ја регулираа проблематиката за признавање на приходите. Појаснувањата и бројните примери за примена на МСФИ 15 побарај ги преку ПОВЕЌЕ.
Македонски синтетички сметковен план на англиски јазик може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Најавуваме важен деловен настан - Традиционално ЈУНСКО Советување на Про агенс во Грција. Деталите на ПОВЕЌЕ.