Продолжено важењето на Уредбата за примена на Законот за заштита на подрошувачите при договори за потрошувачки кредити

Продолжено важењето на Уредбата за примена на Законот за заштита на подрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Времени мерки за остварување права од здравствено осигурување во вонредни услови

Соопштение на ФЗО: Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија (здравствена заштита за лицата кои не платиле придонес, продолжување на исплатата на надоместокот за породилно боледување на товар на ФЗО, право на матичните лекари да издаваат боледување до 14 дена). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Промена на работното време на мобилните работници

Во „Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година се објави Уредба со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која се пропишува ново дневно и неделно време на управување со возило, вкупно време на управување со возило во текот на кои било две последователни недели, паузите, дневниот и неделниот одмор, за време на траење на вонредната состојба, во однос на правилата предвидени со Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“, бр. 140/18). Новото работно време на мобилните работници (тука спаѓаат: возачот, совозачот, кондуктерот и приправник на обука) кое е уредено со Уредбата, ќе важи за периодот на важење на вонредната состојба почнувајќи од 4 април 2020 година. Работно време според Законот, важеше пред Уредбата и повторно ќе важи по укинување на вонредната состојба. Детали за новото работно време, заедно со паузите и одморите на мобилните работници, според Уредбата и до сега важечкото од Законот се дадени во преглед во следната информација барај на ПОВЕЌЕ.

Share
Финансиска поддршка на СВД во износ од 14.500 денари месечно

Во „Службен весник на РСМ“ број 92 од 6 април е објавена Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19 за време на вонредна состојба, која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 6 април 2020 година. Со Уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка (14.500 денари/месечно) на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, за месеците април и мај 2020 година. Детали за примената на Уредбата (правила, можности, услови), побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за Законот за извршување – запирање на извршувањата од 1 април до 30 јуни 2020 година

Владата донесе Уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено. Детали и пречистен текст на Законот за извршување побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
ЗОУП – Роковите не течат за време на вонредната состојба

Според Уредбата за Законот за општата управна постапка за време на траење на вонредната состојба, роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Детали и Пречистен текст на Законот за општата управна постапка побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Облигациони односи – Намалување на казнената камата

Со Уредба за Законот за облигационите односи се намалува казнената каматна стапка за деловните субјекти и за граѓаните. Детали и пречистен текст на Законот за облигационите односи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за Законот за стечај – Без отворање на стечајни постапки додека трае вонредната состојба

На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Детали за ова и пречистен текст на Законот за стечај побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба на Законот за туристичка дејност – ваучери за откажаните аранжмани

Со Уредба на Законот за туристичката дејност на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. Детали и пречистен текст на Законот за туристичката дејност побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Важни Уредби за прописите од економска област на Владата на РСМ

Информација за важни Уредби за прописите од економска област на Владата на РСМ симни на ПОВЕЌЕ.

Share