За првото составување на МПИН прeсметката за јануари 2018 година во делот Параметри за пресметка на придонеси потребно е да се отвори нов период и да се изврши промена на месечниот износ на личното ослободување (месечното лично ослободување за 2018 година изнесува 7.531 денари). Останатите параметри не се менуваат. Детали на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на нето и бруто платите (месечни и тримесечни просеци) за 2017 година, како и Прегледот на надоместоците од работен однос за 2017 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
УЈП постави информација и нов МПИН на УЈП во функција на измените на Законот за минимална плата. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Во функција на навремена и на закон заснована исплата на платите за месец септември 2017 година, а имајќи ги предвид новините поврзани со минималната плата (132.17), Про агенс подготви детален Коментар на Законот за изменување и дополнувањата на Законот за минимална плата во Република Македонија. Коментарот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Објавен Правилникот за начинот на обезбедување на финансиската помош за исплата на минимална плата (138/17). Правилникот е во сила од 3 октомври 2017 година. Со Правилникот се уредени механизмите на финансиската помош за исплата на пропишаниот износ на минимална плата. Правилникот побарај го на ПОВЕЌЕ.
Со предлог Законот за минимална плата висината на минималната бруто за периодот септември 2017 година - јуни 2018 година, се утврдува на износ од 17.130 денари (пандан на овој износ е НЕТО платата од 12.000 денари). Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Алатката за пресметување на бруто платата за 2017 година, со лимитирање на најниската и највисоката основица за пресметување на придонесите може да ја симнете на повеќе
Алатката за пресметување на нето платата за 2017 година, со лимитирање на најниската и највисоката основица за пресметување на придонесите може да ја симнете на повеќе
Преглед на лично ослободување, најниска и највисока основица за пресметување на придонеси од плата за 2017 година може да симнете на повеќе
Согласно со Одлуката на Владата на РМ за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2017 година (223/16), вредноста на БОДОТ за 2017 година изнесува 76,8 денари (непроменет во однос на претходната година). Платите на државните службеници за ЈАНУАРИ 2017 година ќе се пресметуваат со примената на објавената вредност на бодот (76,8 денари)