До 31 март 2021 – Последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба

31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Поставен е образецот ДД-ОМА/1 за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка и пролонгиран е рокот за негово поднесување до 14 декември 2020 година (понеделник)

Поставен е образецот ДД-ОМА/1 за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка и пролонгиран е рокот за негово поднесување до 14 декември 2020 година (понеделник). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Oслободување од оданочување на трошоците за лабораториски тестови за Covid-19 за вработени лица

Од 7 декември 2020 година,лабораториските тестови за Covid-19 за вработени лица се ослободени од данок на личен доход; 2020 година: Трошоците за лабораториски тестови за Covid‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари годишно ќе имаат третман на даночно признаен расход. Детален текст на темата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година

Со измените на Законот за данокот на добивка (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на добивка за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процедура

Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процеддура. Краток преглед и Предлог Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход побарај, како и пречистени текстови на двата закони побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
30 септември 2020 – Рок за поднесување на Извештајот за трансферните цени за 2019 година

30 септември 2020 година е рок за поднесување на Извештајот за трансферните цени за 2019 година до Управата ја јавни приходи. Детален текст на тема: „Извештај за трансферните цени за 2019-та година - утврдување на оданочиви разлики од деловни и финансиски трансакции со поврзани лица“ и Правилникот за трансферни цени побарај ги ПОВЕЌЕ

Share
Продолжено ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка за јуни и јули 2020 година

Продолжено ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка за јуни и јули 2020 година. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уредба за олеснување на процедурите за даночно поттикнување кај донациите во јавните дејности

Уште една Уредба со која Владата на РСМ им олеснува на донаторите кои го помагаат здравството и економијата во справувањето со состојбите предизвикани од коронавирусот COVID 19, е Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба. Уредбата е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 103/2020 и е во сила од 16.4.2020 година, а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба. Детални упатства побарај на ПОВЕЌЕ:

Share
Ослободување за плаќање на аконтациите на ДАНОК НА ДОБИВКА за месеците март, април и мај 2020 година

Согласно со Уредбате со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба (79.2020), таргетирани обврзници на данокот на добивка кои претрпеле штети во работењето од Корона вирусот и кои исполнуваат дефинирани услови ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година. Сите детали за Уредбата, пречистен текст на Законот за данокот на добивка и НОВИОТ образец Барање побај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Министерство за финансии: Информација за даночните биланси 2019 година

Информацијата на Министерството за финансии за составувањето / доставувањето на Даночните биланси за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share