Предлог измени на Законот за јавни претпријатија поврзани со управните и надзорните одбори

Детали за предлог измените на Законот за јавните претпријатија со кој се уредува намалување на бројот на членови во УО и НО, лимитирање на месечниот надомест и удвојување на можниот мандат ПЛУС Пречистен текст на ЗЈП побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
1 Септември 2021: Измени на Одлуката за менувачки работи

Од 1 септември 2021 година е во сила најнова измена на Одлуката за менувачки работи („Службен весник на РСМ“, бр. 127/12, 42/14, 42/16, 184/18 и 198/21). Информација и пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Усогласување со новиот Закон за заштита на личните податоци (осврт, акти и обрасци, ДОГОВОР со вршител на сметководствени работи, прилози и Закон за ЗЛП)

На 24 август 2021 година започнува примената на новиот Закон за заштита на личните податоци (ЗЗЛП). Контролорите и обработувачите на личните податоци треба да преземат соодветни активности од аналитичка природа и преку соодветни правни, технички и организациони мерки да извршат усогласување на работењето со барањата од одредбите на овој закон. Коментар, акти и обрасци, самиот закон и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Додаток на основната плата на вработените во буџетски корисници од централната власт; домашни дневници и регрес за годишен одмор за вработените во буџетскиот сектор

Најголем дел од вработените во единките корисници на буџет во текот на месец август 2021 година примија (a) регрес за годишен одмор во нето износ од 9.000 денари. Освен регресот за годишен одмор вработените во буџетскиот сектор од 2021 година имаат право и на: (б) дневници за службено патување во земјата и (в) додаток на основната плата кои произлегуваат од Законот за извршување на буџетот за 2021 година.

Share
Се укинува можноста за продолжување на договорот за вработување после наполнети 64 години, со три посебности

Се укинува можноста за продолжување на договорот за вработување после наполнети 64 години. Коментар со детали и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
28 јули 2021 година: ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Препорака на МЗ, МТСП и Владата за заштита од високите температури

Република Северна Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) и ќе влезе во портокалова фаза, поради што е потребно да се почитуваат објавените препораки од МЗ, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Препораките побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Локални избори 2021: Ограничувања на трошењето на јавни пари

Со Изборниот законик се уредени извесни органичувања од аспект на трошењето на буџетски средства и вработување во јавни институции, со кои може да се влијае на определбата на гласачите пред секои избори, вклучувајќи ги и претстојните Локални избори-2021 година. Детали за ограничувањата и пречистен текст на Изборниот законик побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Намалена стапка на ДДВ на електрична енергија за домаќинствата

Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.

Share
Данок на добивка – 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19

Данок на добивка - 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19. Детали и пречистен текст на Законот за данокот на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Законот за даноците на имот: Од 2022 година, неактивниот имот ќе се оданочува со три пати повисоки стапки

Во Службен весник број 151/2021 од 6 јули 2021 година се објавени две измени и дополнувања на Законот за даноците на имот. Со измените, од 2022 година се зголемуваат пропишаните даночни стапки за оданочување на неактивниот имот за ТРИ ПАТИ и за ПЕТ ПАТИ, ако се открие неактивен имот кој не е пријавен. Од 2022 година заради оданочувањето се воведува обврска за ревизија (со процена) на пазарната вредност на имотот.

Share