Уредба за утврдување на буџетските корисници од централната власт, поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници на централната власт. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
За користењето и одржувањето на патнички возила во државниот сектор (одлука и обрасци во ексел) побарај на ПОВЕЌЕ.
Најголем дел од вработените во единките корисници на буџет во текот на месец август 2021 година примија (a) регрес за годишен одмор во нето износ од 9.000 денари. Освен регресот за годишен одмор вработените во буџетскиот сектор од 2021 година имаат право и на: (б) дневници за службено патување во земјата и (в) додаток на основната плата кои произлегуваат од Законот за извршување на буџетот за 2021 година.
Со Изборниот законик се уредени извесни органичувања од аспект на трошењето на буџетски средства и вработување во јавни институции, со кои може да се влијае на определбата на гласачите пред секои избори, вклучувајќи ги и претстојните Локални избори-2021 година. Детали за ограничувањата и пречистен текст на Изборниот законик побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Одлука за определување на правото на користење на службен мобилен телефон и за ограничување на износот на сметката се определува правото на користење на службен мобилен телефон, се врши ограничување на сметката за користење на телефонот и се уредува начинот на надоместување на сметката повисока од ограничувањето утврдено со одлуката. Пречистениот текст на Одлуката може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Нови АНАЛИТИЧКИ РАСХОДНИ СМЕТКИ за буџетски корисници и единки корисници: Информација и Пречистен текст на сметките од Класата 4 - Расходи побарај на ПОВЕЌЕ.
Единките корисници на буџети и фондови и непрофитните субјекти, коефициентите за ревалоризација на основните средства за 2020 година може да ги симнат на повеќе.
Главната новина во предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година е повторното враќање на правото/обврската за исплата на дневници за службен пат во земјата за вработените во буџетските корисници од 01.01.2021 година после повеќе од десет години (од 16.07.2010 година), во висина од 700 денари (цела дневница), односно 350 денари (половина дневница). Целосен коментар за предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за примената на Законот за извршување на Буџетот на РМ за 2019-та година кај буџетските корисници и единките корисници може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на РМ“, бр. 209/18) e уредeна финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на: образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Согласно со Законот во Сл. веник на РМ, бр. 224/18 пропишани се соодветни извештаи. Извештаите подготвени во форма на 3 excel-и може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.