Намалување на казнената камата од 1 јануари 2017-та

Поради намалување на референтната стапка за пресметување на казнената камата од 4% на 3,75% (објава на НБРМ од 30.12.2016), од 1 јануари 2017 година е намалена и казнената каматна стапка (намалувањето се однесува на периодот: 01,01,2017-30,06,2017). За првото полугодие од 2017 година:

  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу трговци изнесува 13,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 14%)
  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу лица од кои барем едното не е трговец изнесува 11,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 12%)
  • За казнената камата во странска валута побарај информација на повеќе.

Share
Нова ДДВ Пријава (ДДВ-04)

Од 1 јануари 2017 година се применува НОВА ДДВ Пријава (ДДВ-04). Единствената разлика во однос на старата пријава е отстранувањето на Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во делот ПРИЛОЗИ. Функционално овие Извештаи се покриени со ГПРС конекцијата. Новиот Правилник за формата и содржината на Даночната Пријава на данокот на додадена вредност (222/16) можете да го симнете на повеќе.

Share
Донесена Одлуката за повластена даночна стапка за пелети

Повластена даночна стапка за пелети, печки и котли на пелети Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ која се однесува за примена на повластената даночна стапка за: пелети, печки на пелети и котли на пелети. Пречистениот текст на Одлуката можеш да ја симнеш на повеќе.

Share
Најнов Прирачник за персоналниот данок на доход

Прирачникот за персоналниот данок на доход ќе го добијат како подарок претплатниците со платена претплата за 2017 година до крајот на 2016-та година. Содржина на Прирачникот за персоналниот данок на доход: https://issuu.com/proagens/docs/priracnik-pdd-2017

Share
Најнов износ на регрес за годишен одмор

Прегледот на регресот за годишен одмор за цела 2016 година може да го симнете на повеќе

Share
Лично ослободување за 2017 година

Месечното лично ослободување за 2017 година изнесува 7.456 денари (1/12 од личното ослободување кое на годишно ниво изнесува: 89.472 денари). Личното ослободување ја намалува основицата за пресметување на персонален данок за примањата по основ на плата и пензија. Преглед на месечното лично ослободување по години може да го симнеш на повеќе.

Share
Нов образец за ДДВ регистрација од 1.1.2017

Со новиот Правилник за формата и содржината на Пријавата за регистрација на данокот на додадена вредност (216/2016) пропишана е НОВА Пријава за регистрација за ДДВ. Примената на Правилникот и Пријавата започнува од 1 јануари 2017 година. Детали побарај на повеќе.

Share
ДЕВЕТ (9) Барања за поднесување до ИСОС

Барањата (во word) за поднесување до Институтот на сметководители/овластени сметководители (ИСОС) можете да ги симнете преку следните линкови: 1) Барање за стекнување уверение за ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ 2) Барање за стекнување уверение за СМЕТКОВОДИТЕЛ 3) Барање (неофицијално) за замена на уверение за ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ 4) Барање (неофицијално) за замена на уверение за СМЕТКОВОДИТЕЛ 5) Барање за упис во Регистар на ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ 6) Барање за упис во Регистар на СМЕТКОВОДИТЕЛ 7) Барање за лиценца за ТП-ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ 8) Барање за лиценца за ТП-СМЕТКОВОДИТЕЛ 9) Барање за лиценца за ТД за вршење сметководствени работи

Share
Проагенсово Советување – декември 2016-та

Проагенсовото Советување за Подготовка за финансиското и даночното известување за 2016 година и примена на прописите од работните односи ќе се одржи во: - Битола, х. Милениум, на 13 декември 2016-та (вторник) - Штип, х. Оаза, на 14 декември 2016-та (среда) - Скопје, х. Континентал, на 16 декември 2016-та (петок) Почеток во 10 часот. Програма на Советувањето: pokana-sovetuvawe Пријава на учеството: prijava_za_sovetuvanje_makedonija Про фактура: pro-faktura_priracnik_02122016 Регистрација: http://proagens.mk/registracija-sovetuvanje/

Share
Закон за вршење на сметководствени работи

Пречистениот текст на Законот за вршење на сметководствени работи и ТРИТЕ Правилници на ИСОС (за уверение, регистри и лиценци) можете да ги симнете преку повеќе.

Share