„Задржан ДДВ“ и „reverse charge“ во постапките на присилна наплата и присилно извршување

Текст за појаснување на наведените системи на оданочување и осврт на сметководствената и даночна евиденција кај секој од нив побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Претворање на заем во влог

Трансформација на заем во влог во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото може да се врши за заем исклучиво даден од страна на единствениот содружник во ДООЕЛ (член 169 став 2 од ЗТД), односно од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост (член 416 од ЗТД). Можност за трансформација постои без оглед дали како единствен основач на друштвото се јавува физичко или правно лице, домашен или странски резидент. Дополнителните доплати, исто така може да се трансформираат во влог во друштвото од страна на единствениот содружник. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
До 31 март 2021 – Последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба

31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за данокот на личен доход – март 2021

Со предлог измени на Законот за данокот на личен доход се продолжува ослободувањето за месечните аконтации на вршителите на дејност до мај 2021 година и се преполовува даночната обврска за 2021 за занаетчиите-паушалисти. Детали и текстот на предлог Законот за ДЛС побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор број 3.2021

Текстовите од Информатор 3/2021 и целосната содржина на списанието побарај ја на ПОВЕЌЕ.

Share
15.03.2021-ва: Рок за известување на НБРСM за вложувања ВО/ОД странство

Капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство се обврзани да ја известуваат Народната банка на РСМ за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство. Известувањето се врши преку обрасците: ВС 11 - Извештај за вложувања ВО странство, ВС 22 - Извештај за вложувања ОД странство, КВС 22 - Квартален извештај за вложувања ОД странство. ВС извештаите (11 и 22) се поднесуваат до 15 март 2021 година, за 2020 година (известуваат само избрани претпријатија). Рокот на доставување на образецот КВС 22 е 20 дена по завршувањето на извештајниот квартал. Деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share
Одговори на УЈП за три важни прашања за враќање на финансиската поддршка

Три прашања и три одговори за враќањето на финансиската поддршка од страна на УЈП (патнички автомобили, моментот за набавка признаен за цели на финансиската поддршка, потврда за платени даноци, ... Детали и Мислење на УЈП побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Среќен 8-ми Март, драги колешки

Тимот на Про Агенс на сите жени им го честита 8-ми Март, Денот на жената.

Share
Примери на акти (одлуки) за усвојување на Годишната сметка и ФИ

Примерите на Одлуки за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи, како и Одлуки за распоредување на добивката и исплата на дивиденда, подготвени од Агенцијата Про агенс може да симнете на повеќе

Share
Десетина нови уплатни сметки за јавни приходи: Измени на Упатството за уплатните сметки во сила од 20 февруари 2021 година

Десетина нови уплатни сметки за јавни приходи: Измени на Упатството за уплатните сметки во сила од 20 февруари 2021 година. Целосно апдејтираното Упатство за начинот на евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавните приходи (42/21) побарај го на ПОВЕЌЕ.

Share