Во „Сл. весник на РМ“, бр. 7/2019 објавени се важни измени и дополнување во Законот за платен промет, Законот за УЈП и Законот за банките. Сите детали побарај ги на ПОВЕЌЕ:
За новиот даночен третман од 1 јануари 2019-та година на остварениот доход од авторски права на физички лица според Законот за данокот на личен доход и за задржаниот данок на исплатени авторски приходи на странски правни лица прочитај на ПОВЕЌЕ.
И на почетокот на 2019 година, регистрацијата за ДДВ на граѓаните, останува важна тема. За жал останаа и дилемите поврзани со темата. Ситуацијата не се подобри нуту со објавувањето на најавуваниот „Водич за подобро информирање на физичките лица за данок на додадена вредност“. Повторното актуелизирање на прашањето го побудија циркуларните известувања доставени до голем број на потенцијални ДДВ обврзници, со кои, на граѓаните кои во годишната даночна пријава („ГДП“) за 2017 година пријавиле приходи над 1.000.000 денари, им се наложува доставување на документација на увид, според која ќе се цени дали приходите потекнуваат од дејности кои се предмет на оданочување со ДДВ. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за последна ДДВ Пријава за 2018-та година побарајте на ПОВЕЌЕ.
Со Одлукатна Владата на РМ за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година (Сл. весник, 4/19), утврдена е вредноста на БОДОТ за пресметување на платите на државните службеници. Побарај на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на надоместокот за користење на приватно возило за службени цели за 2018 година може да го симнеш на ПОВЕЌЕ.
Структурата на цените на горивата за 2018 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РМ“, бр. 248/18 од 31 декември 2018 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со примена од 1 јануари 2019 година. Објавените измени и дополнувања се предмет на коментирање во текстот во продолжение и истите не се однесуваат на даночното известување за 2018-та година, односно на составувањето на Даночниот биланс за 2018-та година. Новините ќе се применат при составување на Даночниот/те биланс/и за 2019 година и натаму. Детален kоментар за новините во Законот за данокот на добивка (248/18) побарајте на ПОВЕЌЕ.
Според објавата на УЈП од 9 јануари 2019 година, даночните обврзници, кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец: ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година. Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност. УЈП потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.
Одделни коментари во насока на правилна примена на новиот Закон за данокот на личен доход се достапни преку соодветни линкови за: 1) Доход од работа, 2) Друг доход, 3) Доход од осигурување, 4) Доход од игри на среќа и 4) Капитални добивки. побарај на ПОВЕЌЕ.