Министерството за надворешни работи објави во „Службен весник на РМ“ број 17 од 25 јануари 2019 година дека Одлуката за ПРЕМИН ВО ВТОРА ФАЗА НА АСОЦИЈАЦИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, согласно со членот 5 (3) од СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА склучена меѓу Европските заедници и нејзините земји - членки од една страна и Република Македонија од друга страна, донесена од страна на Советот за стабилизација и асоцијација со размена на писма на 10.7.2018 година и 26.11.2018 година во Брисел, е ВЛЕЗЕНА ВО СИЛА НА 4 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА. Детали и линк до инфо на Министерството за финансии побарај на ПОВЕЌЕ.
Соопштение на Централниот регистар на Република Македонија за отпочнување на постапка за бришење на трговски друштва и трговци поединци согласно со член 552 а, во врска со член 552-б од Законот за трговски друштва - 30.01.2019 година. Детали и список на фирмипобарај на ПОВЕЌЕ.
Собранието на РМ на 28 јануари 2019-та година го усвои новиот Закон за јавни набавки. Законот ќе се применува од 1 април 2019-та година. Детали и Предлог Законот побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Сл. весник на РМ“, бр. 26 од 4.2.2019 година, Министерството за финансии го објави НОВИОТ Правилник за формата, содржината и начинот на доставување на податоци за приливи на средства на сметки на физички лица. Правилникот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Известување на УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 27 Јануари 2019 година (НЕДЕЛА)
Предлог измени на Законот за ДДВ (јануари 2019-та) Министерството за финансии подготвува Предлог измени на Законот за ДДВ (јануари 2019-та). Предлог Законот и детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Листи на ИСОС како потсетник за сметководителите да ја платат членарината. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
ИСОС овие денови има интензивна кореспонденција со Централниот регистар на РМ и со УЈП. За што се работи погледајте од доставените дописи на ИСОС до овие институции. Допис на ИСОС […]
Тарифа за поднесување на Годишните сметки до ЦРМ и уплатни сметки на Централниот регистар по банки види на ПОВЕЌЕ.
Просечна исплатена месечна бруто-плата објавена во ЈАНУАРИ 2019-та година што се користи за составување на образецот МПИН за цела 2019-та година изнесува: 36.017 денари; Практични ИНСТРУКЦИИ за инсталација на НОВИОТ МПИН и подготвување на делот „Параметри за пресметка на придонеси“ со илустрација може да најдеш на ПОВЕЌЕ.