Информација за граничните износи за забрана за плаќање / наплата на стоки и услуги во ГОТОВО, ПЕРИОД на важење и ГЛОБИ за непочитување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосна информација: Обврски на субјектите-обврзници согласно со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Примери на Програма, Оценка на високото раководство за примена на Програмата, Упатство за вршење на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам на УФР, Одлука за именување на овластено лице и негов заменик,... може да побарате на ПОВЕЌЕ.
Најновата Брошура издадена од УЈП (март 2019-та година), со наслов ПРИМЕНА НА МЕХАНИЗАМ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНА ОБВРСКА (REVERSE CHARGE МЕХАНИЗАМ) содржи детали за општите правила и информации кои се однесуваат на примена на механизамот за пренесување на даночна обврска за данокот на додадена вредност. Брошурата може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Правни и физички лица кои вршат ревизорски и сметководствени услуги, советуваат за даноци, нотари, адвокати, ... кои имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам, имаат обврска да именуваат ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ И НЕГОВ ЗАМЕНИК и да достават податоци до ... За деталите, како и Одлука за именување на овластено лице и заменик побарај на ПОВЕЌЕ.
Новиот Закон за јавните набавки е објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 24/19, влезе во сила на 09.02.2019 година, стратува со примена од 1 април 2019 година. Информација за вредносните прагови на набавки кои не подлежат под режимот на новиот Закон за јавни набавки прочитај на ПОВЕЌЕ.
По барање на Управата за финансиско разузнавање, засновано на горенаведениот член 115 на ЗСПП, а за потребите на воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици од страна на Централниот регистар, Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС испрати табела до субјектите кои вршат сметководствени работи (сметководствени друштва/трговци поединци), во која истите треба задолжително да внесат податоци за сите свои клиенти (правни лица) за кои водат сметководство и на кои им се овластен сметководител. За легитимноста на ваквото барање на ИСОС прочитајте на ПОВЕЌЕ.
Белешки од Јавната расправа за Законот за вршење на сметководствени работи во организација на Комисијата за финансирање и буџет на Собраниието одржана на 7 март о.г. може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Подарувањето (на недвижности, предмети, пари, хартии од вредност) меѓу физички лица (граѓани), односно меѓу правни лица или пак меѓу правни и физички лица претставува честа појава во праксата. Подарокот е даночно регулиран со повеќе закони, а даночниот третман на истиот зависи примарно од правниот статус на давателот и примателот на подарокот т.е. од фактот дали се работи за правни и/или физички лица. Текстот симнете го на ПОВЕЌЕ.
Владата на РСМ на седницата одржана на 26-ти март 2019-та година (вторник) дала позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ на членот 115 од Законот за данок на личен доход. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.