Exceptional post!
Собранието на РМ на 66-та седница одржана (24 декември 2018-та година) ги усвои: Законот за данокот на личен доход и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Предлог Законот за данокот на личен доход е дополнет со амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет одржана на 6 декември 2018 година. Со овие дополнувања Законот е проследен на усвојување во Собрането на РМ. Целосниот текст на предлог Законот за данокот на личен доход со вклучени усвоени амандмани (со црни букви) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Најнов пречистен текст на Законот за ПИО, заклучно со измените објавени во Службен весник на РМ, бр. 220/18 може да симнете (измените се разликуваат по бојата на буквите) на ПОВЕЌЕ.
Дали секој трговец мора да има СВОЈ акт за ПОПИС? Одговорот на ова прашање е дадено во член 5 од ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ. Деталите на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на РМ“, бр. 209/18) e уредeна финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на: образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Согласно со Законот во Сл. веник на РМ, бр. 224/18 пропишани се соодветни извештаи. Извештаите подготвени во форма на 3 excel-и може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.
Проагенсови КПУ обуки 4/2018, ДЕКЕМВРИ 2018: 14 декември 2018-та (петок) – Куманово, сала на општината 15 декември 2018-та (сабота) – Скопје, Економски факултет при УКИМ 17 декември 2018-та (понеделник) – Битола, х. Милениум 21 декември 2018-та (петок) – Скопје, х. Континентал
Поради констатирани злоупотреби во праксата, особено во сегментот угостителство, и заради подобрувања на одредени одредби од Законот за регистрирање на готовински плаќања, предложени се измени и дополнувања на Законот. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Какви се решенијата во Предлог измените на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година (сите детали ќе ги дознаете на ДЕКЕМВРИСКИ КПУ обуки на Про Агенс). Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот со вклучени предлог измени од ноември 2018 година, како и детали за него побарај на ПОВЕЌЕ.