Сите текстови од Информтор 11/2018: Продолжува повластениот ДДВ третман на прометот на станови и станбени згради; Доход од осигурување на физички лица - Предлог на нов Закон за данокот на личен доход од 2019 година; Автентично толкување на членот 29 став (2) точка 4) од Законот за трговските друштва; Kазна затвор и парична казна за работодавачите кои ќе побараат враќање на исплатените средства за плата и други надоместоци од работен однос; Признавање на данокот платен во странство врз основа на билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување; Правила за исплата на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок во 2018 година; Одложено даночно средство и одложена даночна обврска (МСС 12 и Оддел 29 на МСФИ ЗА МСЕ); Финансиска поддршка за доспеаните обврски на локалната самоуправа и нови правила за финансирање на општините; Спроведување на попис за 2018 година кај буџетските корисници
Пензионерите се ослободени од пријавување Годишна даночна пријава во наредните седум години. Детали на ПОВЕЌЕ.
Новиот Предлог Закон за јавните набавки, е втора точка на дневен ред на 66-тата Собраниската седница закажана за 26.11.2018 година. Според преодните одредби, Законот би влегол во сила на 1 април 2018 година. Предлог Законот за јавните набавки може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Про Агенс КПУ изданија 2018 (броеви: 4-8). Можеш да ги симнеш на ПОВЕЌЕ.
Преглед на работни часови по години (и месеци) од 1970 до 2018 година (се користат за составување на М-4 обрасците) може да побарате на ПОВЕЌЕ.
НАЈНОВА Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам изготвена од Про Агенс може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 24 октомври 2018 година, даде автентично толкување на членот 29 став (2) точка 4) од Законот за трговските друштва, во врска со забраната за основање на трговско друштво од лице кое е содружник во ДОО или во ДООЕЛ чија сметка е блокирана додека трае блокадата на сметката на друштвото или додека над друштвото не се отвори постапка за ликвидација или стечај. Автентичното токување на Собранието на РМ може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Со нов Закон за данокот на личен доход (предлог), од 1 јануари 2019 година во Македонија се враќа прогресивното оданочивање на доходот на граѓаните. Детали за најавените даночни новини кај персоналниот данок на доход:
Почитувани, Во текот на месец ДЕКЕМВРИ 2018 година, Про Агенс ќе го организира последниот СЕТ на КПУ обуки за 2018 година (4/2018). Наскоро ќе ги објавиме деталите за термините, локациите и посебно актуелните и атрактивни теми за овој период од годината.
Повластената даночна стапка (5%) за оданочување на прометот на станови и станбени згради продолжува да се применува до крајот на 2023-та година. Продолжувањето е уредено со измена на Законот за ДДВ објавена во Сл. весник 198/2018.