Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Информатор 3/2019

Информаторот број 3/2019 може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Oсврт на некои дилеми од работните односи

Во кратки и концизни текстови се осврнуваме на неколку дилеми од работните односи: Mожност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време, Можност за откажување на договорот за вработување со приправник, Можно порамнување (компензирање) на исплаќањето на плата, Момент на започнување на течење на отказен рок, Паричен надоместок наместо отказен рок, Застарување на парични побарувања од работен однос, Казнени мерки за затекнување на непријавени работници, Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

31 март 2019-та – Рок за достава на консолидирани годишни сметки (финансиски извештаи) за 2018-та година

Кон­со­ли­ди­ра­на ГС и консолидирани ФИ сос­та­ву­ва и об­ја­ву­ва друштво кое има преовладувачко влијание во едно или по­ве­ќе друш­т­ва (владејачко друштво), поради што нив ги потпишува одговорното лице во тоа друштво. За консолидираните финансиски извештаи да презентираат финансиски информации за групата како за едно единствено претпријатие, се преземаат следните чекори: (а) се елиминира сметководствената вредност на вложувањето на матичното претпријатие во секоја подружница и делот на матичното претпријатие од главнината на секоја подружница; (б) се идентификуваат малцинските учества во нето добивката на консолидираните подружници за известувачкиот период и истите се корегираат на товар на добивката на групата за да се добие нето добивката којашто може да се припише на сопствениците на матичното претпријатие; и (в) се идентификуваат малцинските учества во нето средствата на консолидираните подружници и истите се презентираат во консолидираниот биланс на состојба одделно од обврските и главнината на матичното претпријатие. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Предлог измени на Законот за регистрирање на готовинското плаќање

Со предлог измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања (поминат во прво читање во Собранието) а заради намалување на фискалната евазија, се санкционира несоодветното користење на фискалниот систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања во поглед на преобемно издавање на сторни сметки и нерегистрирање на остварениот промет. Во линкуваниот текст на ПОВЕЌЕ може да го прочитате коментарот на предложените законски измени.

Либерализација на капиталните трансакции за резиденти: Вложување во ХОВ и недвижности во странство

Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.

Автентично толкување за ДДВ третманот на повикувачките услуги (call центри)

На 14 март 2019 година Собранието ќе се произнесе по Барање за давање на АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВААЊЕ на член 14, став 3 точка 1 и точка 5 од Законот за данокот на додадена вредност поврзано со тнр. повикувачките услуги (call центри), што домашни даночни обврзници ги даваат за корисници во странство. Владиното Мислење испратено до Собранието може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Одговори на три најчесто поставувани прашања денес – 1-ви март 2019-та година

За денес, 1-ви март 2019-та година во кратка форма презентираме одговори на три најчесто поставувани прашања до тимот на Про Агенс: Премии на осигурување, Помош при лекување и Надомест за органи на управување

7-ми март: Јавна расправа по Предлог Законот за вршење на сметководствени работи во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието за 7 март (четврток) со почеток во 11 часот, закажа Јавна расправа за Предлог Законот за вршење на сметководствени работи (седница бр. 47). Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Вршители на самостојна дејност – правилен начин на плаќање данок на доход, придонеси и подигање на „добивка“

Даночната основа за пресметување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност е финансискиот резултат утврден во Билансот на приходи и расходи (Образец „Б“), корегиран за непризнаените расходи за даночни цели во Годишниот даночен биланс (Образец „ПДД-ДБ“). Ме­сеч­на­та акон­та­ци­ја на да­нок на до­ход за са­мос­тој­на деј­ност се пла­ќа во из­нос од ед­на два­на­е­сет­ти­на од пресме­та­ни­от да­нок во го­диш­ни­от да­но­чен би­ланс, за прет­ход­на­та го­дина т.е. во износ од 1/12 од износот внесен на реден број VII. Пресметан данок (АОП 26) на образецот „ПДД-ДБ“. Пресметувањето на данокот на доход од вршење на самостојна дејност, пресметувањето на придонесите и подигање на „добивката“ се тема на текстот кој може да го симнете на ПОВЕЌЕ.