Од 1 јуни 2019 година стартува дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Од 1 Јуни 2019 година забрането е плаќањето со готово на стоки и услуги во износ над 500 евра во денарска противвредност. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Според известувањето на УЈП: ГРАЃАНИТЕ И ВО ТЕКОТ НА ВИКЕНДОТ ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГИ ПРОВЕРАТ ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ. Детали на ПОВЕЌЕ.
Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 108/19 од 28.5.2019 година е објавен НОВ Закон за акцизи со примена од 15 јули 2019 година. Кратко ИНФО и новиот Закон за акцизи побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Коментар на последните новини во однос на регистрацијата за ДДВ (98,19) и пречистен текст на Законот за ДДВ на ПОВЕЌЕ.
Измени на Законот за регистрирање на готовински плаќања (98.19). Коментар и пречистен текст на Законот на ПОВЕЌЕ.
Правото на платен годишен одмор е едно од основните права и слободи утврдено со членот 32 став 4 на Уставот на РМ, во рамки на економските, социјалните и културните права. Уставот на РМ става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор за неговиот носител, со определба дека од ова право вработениот не може да се откаже. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена. Текст со наслов „ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОДИШЕН ОДМОР И ЗА ИСПЛАТА НА РЕГРЕС ВО 2019 ГОДИНА“ и Интерни акти во ворд за годишниот одмор и регресот побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 89/19 се објавени ДВА правилника за данокот на личен доход со кои се пропишани Барање во форма на обрасци што се доставуваат до УЈП. Правилниците и детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Владата на РСМ одлучи 7 мај 2019 (вторник) да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. На приватните компании, особено од централното градско подрачје Владата исто така им препорача да не работат. За начинот на пресметување на платата за овој ден детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Информација за новиот Правилник за содржината и видот на податоците кои одделни субјекти ги доставуваат до УФР побарај на ПОВЕЌЕ.