Издавање на соби, апартмани и куќи од страна на физички лица (издавање преку booking / airbnb)

За време на летната сезона во туристичките дестинации во Р.С. Македонија, а се почесто и во главниот град во текот на целата година, физички лица-граѓани заработуваат приходи од изнајмување на соби, апартмани и куќи на туристи (привремени гости на краток престој) т.е. вршат угостителска дејност согласно со Законот за угостителската дејност ­- ЗУД. Се почеста е и праксата на изнајмување на соби, апартмани и куќи од физички лица преку Booking и Airbnb, за што исто така важат одредбите на ЗУД, иако издавачите не се придржуваат целосно до законските обврски. Овој текст, меѓу другото, е и наменет за информирање на овие лица за правилниот начин на работење и на оданочување, со цел да ги избегнат несаканите реперкусии и прекршочни глоби според Законот за угостителската дејност и Законот за данокот на личен доход. Текст на оваа тема можеш да симнеш на ПОВЕЌЕ.

Систем на пропишување и одмерување на глоби според новиот Закон за прекршоците

Новиот Закон за прекршоците (во натамошниот текст: новиот ЗП) е објавен во „Службен весник на РСМ“, бр. 96 од 17.05.2019 година и влезен во сила на 25.05.2015 година, од кој датум започнува и неговата примена. Со денот на започнувањето на примената на новиот ЗП престанува да важи Законот за прекршоците („Службен весник на РМ“, бр. 124/15). Текст на предметната тема побарај на ПОВЕЌЕ.

Прописи

Прегледот (Регистар) на најважните Прописи (со наведување на Службениот весник во кој се објавени) може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на ПОВЕЌЕ.

Дополнување на Одлуката за промет на добра и услуги по повластена ДДВ стапка

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (објавена во Службен весник 173.19), во примена од 25 август 2019 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.

Ослободување од ДДВ, увозни давачки и акциза за набавки поврзани со делницата Крива Паланка-Деве Баир

Со Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на патната делница Крива Паланка - Деве Баир (граница со Бугарија), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното Претпријатие за државни патишта (во натамошниот текст: „Законот“ - „Службен весник на РМ“, бр. 163/18) предвиден е посебен даночен третман односно, ослободување од плаќање на ДДВ и увозни давачки за прометите направени во функција на патната делница. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Важни измени на Законот за здравствената заштита (153.19)

Детали за последната измена и дополнување на Законот за здравствената заштита, како и пречистен текст на самиот Закон може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Нови Правилници за друштвата за осигурување

Во Службен весник на РСМ бр. 170/19 од 16 август 2019 година објавени се 3 нови правилници кои се однесуваат на финансиското известување на друштвата за осигурување. Погледај детали и Правилниците симни ги на ПОВЕЌЕ.

Предложени измени на Законот за трговските друштва во насока на ставање вон сила на постапката на бришење на неактивни субјекти

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (јули 2019), има за цел ставање вон сила на членовите 552-а и 552-б од предметниот закон (во натамошниот текст: ЗТД) со кои е уредена постапката на бришење на неактивни субјекти од надлежен регистар, како и посебните причини кои ја иницираат оваа постапка. Во исто време, се предлага уредување на деловниот статус на веќе избришаните субјекти од тровскиот регистар по основа на исполнување на условите од член 552-б од ЗТД, во насока на давање можност за нивното повторно активирање во одреден законски рок. Текст и детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка

Автентично толкување на одредба од Законот за данокот на добивка поврзано со исплатените авторските хонорари на странски правни лица од аспект на задржаниот данок. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Информатор 8/2019

Информаторот, број 8/2019 можете да го симнете на ПОВЕЌЕ.