На официјалната интернет страница на УЈП, www.ujp.gov.mk, на 10 јануари 2020 година беше објавен нов Образец ДД-БС: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс. Со оваа објава на УЈП, е пополнет недостатокот на образец-Барање кој во праксата беше решаван со поднесување на писменото барање до УЈП без користење на пропишана форма на образец. Образецот ДД-БС (Барање) се поднесува најдоцна до 31 јануари 2020 година (петок), што е краен рок за доставување на писмено Барање до УЈП за целите на признавањето на целосната амортизација (расходување) на преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Новата Уредба за Номенклатурата за средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки, како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на материјалните и нематеријалните средства е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 277/19 од 30.12.2019 година. Иако објавена на самиот истек на 2019 година, Уредбата ќе се применува за изготвувањето на годишната сметка и даночниот биланс за 2019 година. Уредбата за амортизација е донесена во функција на ограничувањето на трошоците за амортизација за целите на оданочувањето (формирањето на даночната основа) и со истата не се наложува нејзина задолжителна примена за целите на финансиското известување, односно за составувањето на Годишната сметка и Финансиските извештаи. Целосен текст за даночниот третман на амортизацијата за целите на оданочувањето со данок на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за Регистрација (и дерегистрација) за ДДВ во 2020 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Новиот Правилник за формата и содржината на пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност и НОВАТА ПРИЈАВА за ДДВ регистрација (ДДВ-01) може да ја симнеш на ПОВЕЌЕ.
Алатки за пресметка на платите 2020 од НЕТО и од БРУТО износ може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на пресметани даночни стапки на данокот на личен доход за 2020 година (од нето износ) и Алатка за пресметка на данокот на доход (во примена од 1 јануари 2020 година), според различни видови на примања и надоместоци може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Новата УРЕДБА ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА ДАНОКOT НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И НА ИЗНОСИТЕ ПОТРЕБНИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ДАНОКОТ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА (277/19) во примена од 1 јануари 2020 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Новата ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ КОИ ПОДЛЕЖАТ НА ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (277/19) во примена од 1 јануари 2020 година може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Новата Уредба за амортизација објавена во Службен весник бр. 277.19 (во примена со Годишната сметка и Даночниот биланс за 2019 година) може да ја симнете на ПОВЕЌЕ.
Пречистен текст на Законот за данокот на додадена вредност, со вклучени измени и дополнувања објавени во Службен весник на РСМ бр. 275.19 може да симнете на ПОВЕЌЕ.